Црна хроника
Скопска Апелација потврди 20 години затвор за Миле Хаџиски
Апелациониот суд Скопје ја потврди во понеделникот првостепената пресуда од 20 години затвор за Миле Хаџиски за убиството на Мери Јошевска кое се случи во јуни 1993 година во Скопје, соопшти Основниот суд Скопје 1 Скопје.
Кривичниот суд во Скопје го осуди Хаџиски на 20-годишна затворска казна во декември 2015 година, во повторен судски процес, бидејќи обвинетиот над 20 години беше во бегство пред да биде уапсен и екстрадиран во Македонија од француските власти. Тогаш неговиот адвокат Стеван Павлески изјави дека казната затвор е превисока и оти во овој случај не биле земени предвид некакви олеснителни околности.
Во повторениот судски процес, кој почна лани во октомври, Хаџиски ја отфрли вината за убиството на Јошевска и тврдеше дека не се сеќава на ништо
Според обвинението, Хаџиски по расправија со Мери Јошевска почнал да ја дави за вратот толку силно што ѝ ја скршил подјазичната коска, со пепелник ја удрил по главата, а потоа со два ножа ја избодел во пределот на градите, стомакот и црниот дроб. Ја оставил да искрвави до смрт, украл златно синџирче и прстен. Ги избришал трагите од крв на ножевите, едниот бил негов, а другиот, кујнскиот нож, го вратил на место. Се преслекол со позајмена облека и заминал со другар во кафуле. Хаџиски на претпоследното рочиште негираше дека бил дел од верска секта и со тоа ги негираше тврдењата во јавноста дека убиството било дел од обред на секта.
Според обвинението, се обидел дури и да го продаде накитот. За овој случај имаше две судења, на првото судење Хаџиски беше осуден на 15 години затвор, но поради пропусти во постапката судењето беше вратено на повторно судење, а Хаџиски по 90 дена минати во притвор беше ослободен. На повтореното судење, доаѓаше на неколку рочишта, но потоа избега од земјата. На тоа судење беше осуден на 20 години затвор, но исто толку години македонската полиција не можеше да го најде.
Миле Хаџиски побегна во 1995 година и во отсуство беше осуден на 20 години затвор. Додека беше во бегство, Хаџиски, според сопственото признание, ѝ се приклучил на француската Легија на странците, а во меѓувреме го сменил идентитетот и станал Зоран Томановиќ. Пред четири години, тој беше уапсен од швајцарската полиција, под сомнеж дека е член на познатата криминална група Пинк Пантер, но успева да побегне од затвор за потоа да биде повторно уапсен од француските власти и екстрадиран во Македонија/крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

