Црна хроника
Скопски дилер „падна“ за неколку семки и таблети
Скопјанец, евидентиран во полициската крим евиденцијата како извршител на три тешки кражби, заработи кривична пријава за дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, откако полицијата при претрес открила, меѓу другото, и осум семки од канабис и седум таблети од психотропна супстанција, извести во неделата Министерството за внатрешни работи.
Во петокот, 8-ми април, скопјанецот идентификуван како 29-годишен И.С., кој бил во друштво на уште две лица, на улицата „Кајларска“, во населбата Кисела Вода, од страна на полициски службеници бил легитимиран и над него извршен преглед и притоа тој доброволно предал четири зипер кесички со непозната растителна материја.
Истиот ден врз основа на Судска наредба бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што се пронајдени дваесетина кесички со непозната растителна материја, едно зипер кесиче во кое имало осум семки од непознато растение, една зипер кеса во која имало седум непознати таблети и една дигитална вага сива боја со остатоци од непозната растителна материја.
Пронајдените предмети кои се пронајдени при личниот преглед кај пријавениот, како и при претресот во неговиот дом, со потврда за привремено одземени предмети се одземени и се предадени за вештачење во ОКТИВ при МВР, каде што било констатирано дека растителната материја од четирите зипер пакувања сe со вкупна нето маса до 3,96 грама и преставува наркотична дрога марихуана, како и растителниот материјал одземен при претрес на домот со вкупна нето маса од 114,1 грам, а на површината од дигиталната вага констатирани се траги од растението канабис и траги од кокаин.
Потврдено е и дека осумте семки, исто така, потекнуваат од растение канабис, а констатирана е активна компонента во седумте таблети – 3,4 (MDMA) – психотропна супстанца-стимуланс. /крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

