Црна хроника
Со нож го расекол на раката и грбот во кичевско

Во петок ноќта, по расправија, се степале двајца во кафуле во село гарани, кичевско, при што едниот завршил со расекотини по грбот и раката, од нож.
Како што соопшти полицијата, во петокот, околу полноќ, во село Гарани во Кичево во угостителски објект „Спорт Кафе“ по предходна расправија С.И. (42) физички го нападнал Џ.Е. (32) и со употреба на нож му нанел телесна повреда во пределот на раката и грбот.
Џ.Е. е пренесен е во Медицинскиот центар во Кичево за укажување на лекарска помош, додека С.И. е приведен и по целосното расчистување ќе следи соодветен поднесок./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен лихвар од Куманово

Синоќа во 20.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.П.(41) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „лихварство“ по член 260 и „изнуда“ по член 258 од Кривичниот законик.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе договори за купопродажба, договори за подарок, уплатници и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичните дела.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Автомобил удри во пешак во Штип, доби тешки повреди

Вчера на улицата Христијан Тодоровски Карпош во Штип, автомобил „мицубиши“ со штипски регистарски ознаки, управувано од П.Б.(41) од Штип, удрило во пешакот Ј.Ј.(67) од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Тешко повреден едниот од возачите во несреќата што се случи вчера кај Раец

Тешко повреден е 36-годишниот возач од Богданци во несреќата што се случи вчера на магистралниот пат Градско – Прилеп, во близина на селото Раец, кавадаречко.
Во несреќата учествуваа товарно возило „ман“ со приколка со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(36) од Богданци и товарно возило „волво“ со приколка со велешки регистарски ознаки, управувано од М.Д.(29) од Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Б.Т., констатирани во Општата болница Кавадарци.
Извршен бил увид.