Црна хроника
Шпанската полиција го упаси колумбискиот наркобос ‘Ел Ратон’
Шпанската полиција го уапсила еден од најбараните колумбиски криминалци додека се возел по источниот шпански брег, објави полицијата во саботата.
Хернан Алонсо Вила, позната по прекарот „Ел Ратон“ односно глушец, водел меѓународна група од 200 криумчари на дрога која е осомничена за вкупно 400 убиства. Се верува, исто така, дека 40-годишниот Вила го координирал извозот на дрогата во Шпанија, сАД и во Холандија.Вила во петокот се возел покрај брегот во покраината Аликанте каде што го пресретнала полицијата. Во Колумбија е баран поради обвинувања за убиства, како и незаконско производство дроги и поседување оружје.Во моментот на апсењето имал кај себе 40 илјади евра, за кои полицијата се сомнева дека потекнуваат од криумчарње дрога или договорено убиство. Според полицијата, Вила бил многу претпазлив во текот на овој престој во Шпанија, служејќи се со лажни идентитети и често ги менувал местата на престојување.Неговата криминална мрежа се состоела од припадници на паравоени единици, кои се распуштени меѓу 2003 и 2006 година. Шпанската полиција на почетокот од јули уапси 30 лица за кои се верува дека се припадници на италијанскиот огранок на мрежата којашто е одговорна за увоз на дроги од Колумбија во Европа./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром
Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“ изгубил контрола и удрил во контејнери и во паркирано возило алфа Ромео. Осомничениот, 22-годишниот М.А.А. од Турција со привремен престој во Скопје, избегал од местото, јави Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, настанот се случил вчера во 22:50 часот. Полицијата го лоцирала возачот по кратка потера и го привела. При алкотест му биле измерени 0,97 промили алкохол во крвта, а по распитот бил изнесен пред судија за прекршоци.
Осомничениот се товари за 3 прекршоци, недозволена брзина, напуштање на лице место и возење под дејство на алкохол.
Црна хроника
Излизган камион го прекина сообраќајот на патот Струмица-Ново Село
Излизган камион на магистралниот пат Струмица-Ново Село-граничен премин со Бугарија, пред влезот во селото, предизвика прекин на сообраќајот од скоро еден час, од 14:10 до 15:00 часот.
Според информации од СВР Струмица, во сообраќајката нема повредени и загинати, а причинета е само материјална штета.
И од АМСМ информираа дека сообраќајот на магистралниот пат А4 Струмица – Ново Село кој беше во прекин поради случена сообраќајна незгода е нормализиран.
– Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.
Црна хроника
Со БМВ удрил во контејнери и автомобил, па побегнал
Вчера во 22:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисна улица од ул.„Матеја Матевски“ во Скопје патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.А.(22) од Р.Турција, а со привремен престој во Скопје, удрило во контејнери и патничко возило алфа ромео со демиркаписки регистарски ознаки. М.А.А. го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој набрзо бил фатен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

