Црна хроника
Старец кој бил прегазен во сообраќајка починал во Домот во Прилеп

Старец кој на почетокот на месецов бил прегазен во сообраќајна несреќа починал во Домот за стари лица во Прилеп.
Седумдесет и шестгодишниот кавадарчанец беше прегазен во сообраќајна несреќа што се случила на 6-ти октомври во Кавадарци.Автомобил „југо“ со којшто управувал четириесет и двегодишен кавадарчанец го удрил пешакот.По незгодата старецот бил пренесен во ЈЗУ Кавадарци, од каде бил префрлен во Клинички центар Битола. По оперативните зафати истиот бил пренесен да престојува во Дом за стари лица „Киро Крстески Платник“- Прилеп, каде на 23 октомври во 14 часот починал.По наредба на Јавен обвинител на 24 октомври во Општа болница Прилеп, над телото на починатиот била извршена обдукција, по што телото било предадено на семејството за погреб./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крадци го разбиле катанецот и украле сандаци со пчели и мед во Штип

Вчера во СВР Штип, Г.Г. (47) пријавил дека во периодот од 12 до 16 август, со употреба на сила, бил отстранет катанец од метална врата на ограден простор под магистралниот пат Штип-Радовиш.
Според пријавата, одземени се сандаци од пчелни семејства, мед и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Бабата алармира: мајка физички го малтретирала тримесечното бебе во Струмица

Вчера во СВР Струмица, 40-годишна жена пријавила дека нејзиното тримесечно внуче било физички малтретирано од мајка му, сопруга на нејзиниот син.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
Топ
Две лица тешко повредени во групна тепачка во Скопје, полицијата апсеше од тинејџери до 50-годишни

Вчера на улицата Славеј планина во Скопје дошло до групна тепачка помеѓу неколку лица на возраст од 18 до 56 години.
По пријава во Полициската станица Бит Пазар, биле приведени С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.
Во тепачката биле користени разни тврди и остри предмети, а со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27). Уште неколку лица се здобиле со полесни повреди.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.