Црна хроника
Штитеник осомничен за силување се обидел да го убие домскиот лекар
Штитеник на Воспитно-поправниот дом Тетово кој претходно силувал свој врсник, пред два дена се обидел да го убие домскиот лекар.
Шеснаесетгодишниот малолетник побарал да биде однесен на лекарски преглед кај домскиот лекар заради главоболка. Во лекарската соба тој најпрвин со дрзок и висок тон се обратил кон лекарот, потоа ја турнал масата меѓу нив и се обидел да го удри, во што го спречиле двајца надзорници. Подоцна, од трпезаријата зел два ножа и повторно влегол во лекарската соба со вербални закани кон лекарот дека ќе го убие, но повторно го спречиле присутните надзорници.Истиот малолетник пред неколку месеци силуваше свој врсник во домот, а за непријавување на ова дело Обвинителството поведе постапка и против заповедникот на Воспитно-поправниот дом.Основното јавно обвинителство во Велес поднесе барање до Судијата за малолетници во Основниот суд – Велес за поведување подготвителна постапка за штитеникот за сторено кривично дело обид за убиство. Надлежното обвинителство, по последниот случај, до Судијата за малолетници во Основниот суд во Велес достави и предлог за определување мерка притвор за малолетникот./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

