Црна хроника
Сватовска тепачка во Шуто Оризари
Татко и син ноќта во петокот, според кажувањето на инвовлираните, поради нерасчистени семејни односи ги нападнале своите сватови во нивниот дом на улицата „Вашингтонска“, во скопската општина Шуто Оризари.
Татко и син ноќта во петокот, според кажувањето на инвовлираните, поради нерасчистени семејни односи ги нападнале своите сватови во нивниот дом на улицата „Вашингтонска“, во скопската општина Шуто Оризари.
Инцидентот се случил по 23 часот во петокот, додека 50-годишниот Н.Е.Х. седел во неговиот дом заедно со неговата сопруга 46-годишната Л.Х. и неговиот син 18-годишниот Х.Р., дошол неговиот сват Х.И. со својот син Х.И., кои според пријавата без повод и причина почнале да го удираат со тупаници
Притоа Х.И. со палка го удрил во пределот на раката и вратот домаќинот, додека неговиот син Х.И. со метален предмет го удрил во пределот на грбот.
Во истиот момент од домот излегле и браќата Х.Н. и Х.И., по што и тие биле нападнати од страна на таткото и синот со предметите кои ги држеле во рака, по што физичкиот напад продолжил и на улицата.
Поради предизвикан страв, сопругата на Х.Р. со нивното бебе избегала кај соседите да побара помош.
Причина за настанот според кажувањето биле се нерасчистени семејни односи. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

