Црна хроника
„Шверцери“ запалиле пиротехника на натпревар, повредено 11-годишно момче

Единаесетгодишно момче било повредено од запалени пиротехнички средства на натпревар што се одиграл во саботата на стадионот на ФК „Шкупи 1927“ во Чаир, соопшти МВР.
Во саботата во населба Чаир на стадионот на ФК „Шкупи 1927“, бил одигран фудбалски натпревар од втора лига помеѓу екипите на ФК „Шкупи 1927“ и ФК „Младост“ село Царев Двор – Ресен, на кој присуствувале околу 1.500 посетители.
Во 25-та минута од натпреварот, навивачката група „Шверцери“ во знак на прославување на 25 годишнина од нивното формирање запалиле неколку пиротехнички средства, при што со повреда на левото око се здобил Ф.Е.(11) од Скопје.
Повреденото момче било пренесено на Клиниката за педијатрија, а по укажана лекарска помош е пуштено на домашно лекување.
Од МВР велат дека фудбалскиот натпревар е целосно видео и фото документиран и дека ќе бидат превземени мерки по основ на Законот за насилно и недостојно однесување на спортски натпревари.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кавадарчанец си го реновирал домот и во ѕидот нашол експлозив и фитиљ

Триесет и деветгодишен кавадарчанец нашол експлозив реновирајќи го својот дом.
Според информациите од МВР, Н.М. во внатрешноста на ѕидот нашол 18 парчиња стар експлозив и две парчиња стар фитиљ.
Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување безбедно ги подигнал предметите, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кавадарци.
Црна хроника
Сообраќајна незгода меѓу автомобил и службено возило на МВР, повредени полицајци

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 18.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Србија“, ул.„3 Македонска Бригада“ и ул.„12 Македонска Бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(54) од с.Марино, скопско и патничко возило „рекстон“, сопственост на МВР.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот во патничкото возило „ауди“ и двајца полициски службеници, сопатници во службеното возило, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа на „Партизанска“

Мотоциклист се здобил со тешки повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 07.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„8 Септември“ и бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со српски национални ознаки, управувано од С.П.Н.(58) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(43) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.