Контакт

Црна хроника

Таксистот што ја возел девојката која падна од деветти кат бил претепан

Објавено пред

Таксистот кој ја возел девојката која во средата околу пладне падна од деветти кат од зграда во скопската населба Аеродром бил претепан кога ја враќал девојката дома.

dobivaj vesti na viber

Педесет итригодишниот таксист од скопска такси компанија ја оставил девојката во средата околу 4.30 часот на улица „Коста Новаковиќ“, но додека симнувал патник, како што стои во пријавата, бил нападнат од триесет идеветгодишен скопјанец.Бил претепан со боксови и клоци по главата и телото од кои му се нанесени видливи повреди во вид на модринки и отоци, расекотина на левата аркада и расекотина на задниот дел од главата, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.Напаѓачот побегнал во непознат правец со автомобил „oпел“ со непознати регистарски ознаки. „Во полициска станица направен е записник за примање на пријава од страна на полициски службеник, а поднесен е и записник за констатиран прекршок од законот за прекршоци против јавниот ред и мир . Физичкиот напад  е расчистен“, соопштуваат од МВР.Случајот е пријавен по смртта на девојката,  околу 15.35 часот. Дваесет иедногодишната девојка во вторникот околу пладне паднала од деветти кат од зграда на улицата „Руди Чаевац“ во Аеродром. Телото е предадено за обдукција, а нејзината мајка во медиумите изјави дека девојката била силувана од таксист. Од МВР велат дека кај нив не е пријавен таков случај, односно силување, и затоа не можат да постапуваат по таква пријава. Случаен минувач пријавил го пријавил безживотното тело на девојчето. Од МВР официјално сé уште нема информација дали се работи за несреќен случај или самоубиство. /крај/мф/ффс

Црна хроника

Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод

Објавено пред

Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.

По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Пријавени тепачки во Шуто Оризари

Објавено пред

Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.

dobivaj vesti na viber

Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).

Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево

Објавено пред

Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.

dobivaj vesti na viber

Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 минути

Гори Блискиот Исток, експлозии и денеска се слушаат во арапските држави во Заливот

Експлозии денеска повторно се слушнаа во арапските држави во Заливот, по убиството на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, во...

Свет5 часа

Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост

Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој...

Свет6 часа

Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми

Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која...

Свет8 часа

(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи

Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али...

Свет9 часа

(Видео) Ирански дрон го погоди и хотелот Бурџ ал Араб во Дубаи

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. Покрај аеродромот, во Дубаи беше погоден и Бурџ Ал Араб. BREAKING: Iranian drone...

Свет9 часа

Трамп: Ајатолахот е мртов

Иран очигледно потврди дека ајатолахот е мртов. На неговиот профил на социјалните мрежи е објавена порака: „Во возвишеното име на...

Свет10 часа

(Видео) Погоден аеродромот во Дубаи, евакуацијата е во тек

Иран вечерва започна трет бран одмазднички напади. BREAKING: Iranian drone strike hits Dubai International Airport. Evacuations are underway at the...

Свет10 часа

(Видео) Американците објавија снимки од операцијата „Епски гнев“: „За прв пат употребивме ново оружје“

Централната команда на САД (CENTCOM) објави дека нема извештаи за американски жртви или повредени по нападот во Иран и дека...

Свет10 часа

Иран ги демантира извештаите за смртта на ајатолахот

Ирански извори остро негираа дека ајатолахот Али Хамнеи е убиен. „Можам да ве уверам дека лидерот на револуцијата е стабилен...

Македонија11 часа

Претседателката за утре го свика Советот за безбедност

По извршените консултации претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за утре – 1 март 2026 година, закажа седница на Советот за...

Свет11 часа

(Видео) Нетанјаху: Постојат многу знаци дека ајатолахот е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху им се обрати на иранскиот народ, велејќи им дека имаат „можност што се јавува еднаш во...

Свет11 часа

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов, тврдат Израелците

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи, е мртов и неговото тело е пронајдено, изјави за Ројтерс висок израелски функционер. We...

Свет14 часа

(Видео) Погоден е аеродромот во Кувајт, гори хотел во Дубаи

САД и Израел го нападнаа Иран утрово. Најмалку три експлозии се слушнаа во Техеран, главниот град на Иран, а беа...

Македонија16 часа

Евакуација од Израел побарале 11 македонски државјани

Единаесет македонски државјани досега побарале евакуација од Израел, откако утринава САД и Израел го нападнаа Иран, соопштија од Министерството за...

Свет16 часа

ОН свикаа итна седница на Советот за безбедност по нападите врз Иран

Советот за безбедност на ОН свика итна седница по американските и израелските напади врз Иран и одмаздничките напади од страна...

Свет20 часа

Четири американски воени бази на Блискиот Исток нападнати од Иран

Иранската војска вели дека започнала напади врз четири американски воени локалитети во Катар, Бахреин, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати како...

Свет21 час

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ ги суспендира летовите до и од Тел Авив, Бејрут и Оман до 7 март, откако САД и...

Македонија22 часа

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел да побараат помош, воздушниот сообраќај е затворен за цивилни летови

Во врска со последните информации за влошената безбедносна состојба во Израел, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до...

Свет22 часа

Трамп потврди дека САД започнале напади врз Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека САД започнале напади врз Иран во осумминутно видео објавено на неговиот профил на...

Свет24 часа

САД и Израел започнаа заеднички напад врз Иран

САД учествуваа во нападите утрово во Иран заедно со Израел, потврди американски функционер за „Тајмс оф Израел“. Според израелски безбедносен...