Црна хроника
Татко, бебе и тригодишно дете жртви во сообраќајката кај Колари
Татко и неговите две малолетни ќерки од кичевското село Зајас и сопатник од скопското село Свиларе загинаа во тешката сообраќајка што се случи во четвртокот попладне околу 18 часот на магистралниот пат Кичево-Гостивар во близина на селото Колари.
Мајката на децата и возачот на другиот автомобил со тешки повреди се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.Во сообраќајката на лице место починале бебе и тригодишно дете, додека нивниот татко, дваесет ишестгодишниот Деар А. починал доцна синоќа на пат од болницата „Свети Еразмо“ во Охрид кон Ургентниот центар во Скопје. Сопатникот од другото возило, четириесет ишестгодишниот Амзи И. од Скопје починал во кичевската болница. Дваесет ишестгодишната мајка и триесет иедногодишниот возач на еден од автомобилите се во Ургентниот центар.Во тешката сообраќајна незгода учествувале патничко автомобил „волво“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Деар А. што по магистралниот пат се движело од Гостивар кон Кичево и товарно (пикап) возило марка „форд-конект“ со скопски регистарски ознаки, управувано од сега тешко повредениот В.А., коешто се движело во спротивна насока.На критичното место, поточно на влезот кај селото Колари, на левата сообраќајна лента од коловозот во правецот од Гостивар кон Кичево се случил судар со предните делови од двете возила. На лице место извршен е увид во присуство на јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица во Кичево.По наредба на јавниот обвинител, во текот на денов врз телата на сега починатите ќе биде извршена обдукција како и вештачење врз патничките моторни возила.За време на увидот, сообраќајот на магистралниот пат се одвиваше со наизменично пропуштање на патничките и други моторни возила.Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај од Кичево презема дополнителни мерки за утврдување на причините за тешката сообраќајна незгода./крај/мф/
Извор: Фото:архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

