Црна хроника
Телото за кое се тврди дека е на Дениса во среда во Македонија
Телото за коешто грчките органи тврдат дека е на прилепчанката Дениса Маркоска треба да стигне во Македонија во среда и веднаш ќе биде однесено на Институтот за судска медицина, велат од МНР. Транспортот е во тек, а за да стигне телото од Родос до Скопје требаат 22 часа.
Од Судска медицина велат дека тие немаат надлежност да го отворат ковчегот којшто ќе стигне од Грција без присуство на надлежен орган. Републичкиот јавен обвинител, Марко Зврлевски, пак, вели дека обвинителството не е надлежно за отворање на ковчегот, бидејќи тој е во приватна сопственост. „Обвинителството е единствено надлежно ако се води кривична постапка за случајот“, истакнува Зврлевски. Според професорот Алексеј Дума, случајот треба добро правно да се разработи и да се одреди кој орган е надлежен за ова.Семејството Маркоски бара нова ДНК анализа на телото што беше најдено во водите на Егејското Море во Македонија, а за ова преку писмо го замолија и премиерот Никола Груевски. Дениса исчезна од бродот „Серинисима“ на кој што работела, на 12-ти септември, додека бродот пловел во водите на Егејското море. Грчките власти почнаа потрага по девојката, која заврши на 4-ти октомври кога беше најдено женско тело во водите на Егејското Море. ДНК анализата којашто ја направија грчките власти била 99,9 отсто сигурна дека пронајденото тело е телото на девојката, но семејството се сомнева во оваа анализа и бара пред погребот на нивната ќерка да се направи уште една ДНК анализа во Македонија./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.