Црна хроника
Тешко повреден возач, со автомобилот удрил во метални браници па во ограда
Возач од Македонски Брод е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила во средата вечерта еден час пред полноќ на автопатот Скопје–Велес пред патарината кај Кадински мост.
Автомобилот „фолксваген поло“ со којшто управувало дваесет и седумгодишното момче, прво удрил во метални браници, а потоа излегол надвор од коловозот по што удрил во метална ограда. Повредениот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентниот центар Скопје за укажување лекарска помош при што од страна на лекар му биле констатирана тешка телесна повреда по што бил задржан за натамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Повреден возач по судир на две товарни возила на автопатот Скопје-Тетово
СВР Тетово информира дека во 10:05 часот била пријавена сообраќајна незгода на автопатот Скопје-Тетово.
На околу 500 метри после клучка Желино се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „Ивеко” со скопски регистерски ознаки сопственост на „Македонија пат” управувано од Ј.С.(54) од с.Рогле, тетовско и товарно возило ,,Мерцедес” со скопски регистарски ознаки управувано од Н.С.(51) од Скопје.
– Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот Ј.С. констатирани во Клиничка болница Тетово, информира СВР Тетово.
Увид на лице место е извршен екипа од СВР Тетово.
Црна хроника
Се преврте камион кај Желино
Тешка сообраќајна незгода се случи пред малку на автопатот Скопје – Тетово. Според првичните информации, камион се превртел веднаш по наплатната рампа кај Желино, што предизвика значителен застој во сообраќајот.
Блокирани се првите две ленти, а возилата се пропуштаат само по третата лента.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот да ја прилагодат брзината на условите на патот, да држат соодветно растојание и да бидат исклучително внимателни додека поминуваат на овој потег додека трае увидот и расчистувањето на теренот.
Топ
Маж и жена, државјани на Македонија загинаа на автопатот Белград – Ниш
Двајца државјани на Македонија, маж и жена од албанско потекло, загинаа рано утринава во тешка сообраќајна несреќа што се случи на автопатот Белград – Ниш, кај клучката Умчари, пишува српски „Курир“.
Несреќата се случила кога патничко возило „сеат“, со германски регистарски таблички, излетало од патот. Според неофицијални информации, возачот изгубил контрола над возилото, удрил во заштитната ограда и сообраќаен знак, по што автомобилот завршил надвор од коловозот.
Надлежните органи продолжуваат со истрагата за целосно утврдување на околностите под кои се случила несреќата.

