Црна хроника
Трет пожар на возило на велешки судија
Кој и зошто, и дали го запалил автомобилот во сопственост на семејството на Габриела Гајдова, судијка во Основниот суд во Велес, е прашањето на кое одговор треба да даде истрагата на полицијата и Јавното обвинителство, што е трет на пожар на возила во сопственост на лица вработени во Велешкиот суд годинава.
Кој и зошто, и дали го запалил автомобилот во сопственост на семејството на Габриела Гајдова, судијка во Основниот суд во Велес, е прашањето на кое одговор треба да даде истрагата на полицијата и Јавното обвинителство, што е трет на пожар на возила во сопственост на лица вработени во Велешкиот суд годинава.
Гајдова вели дека автомобилот, „опел астра“, за чиешто опожарување во понеделникот извести Министерството за внатрешни работи, бил паркиран пред семејната куќа, а во моментот на опожарување таа и семејството не биле дома.
„Дојдовме на лице место некаде околу 21,20 часот, имаше пожарникари, овластени лица од СВР Велес. Успеаја да го изгасат огнот, а набрзо дојде и Јавен обвинител“, рече Габриела Гајдова.
Како гори автомобилот први забележале комшиите на Гајдова, но засега нема информација дали некој го видел сторителот или сторителите.
На новинарско прашање дали се сомнева во некој, судијката вели. „Не сакам да размислувам во таа насока, меѓутоа, доколку станува збор за некаква порака, јас искрено немам намера да работам поинаку од она како што сум работела досега согласно закони и да носам одлуки согласно сопствените убедувања“.
Ова е трет случај на опожарување на автомобил оваа година на лице кое работи во Основниот суд во Велес. Од полицијата велат дека сé уште работат на расветлување на претходните два случаи, кога настрадаа автомобилите на Јордан Лазаров, поранешниот претседател на Основниот суд Велес, и на судијата Шевчет Адеми./крај/мф/ди
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдени и одземени 220 таблети во пакет за осуденик во затворот Идризово
На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот, при извршен претрес на пакет наменет за осудено лице А.Н. (39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Инцидент во трговски центар: две жени меѓусебно се пријавиле за физички напад
На 11 јануари 2026 година во 13:10 часот во СВР Скопје, С.К.П. (41) пријавила дека околу 12:20 часот во трговски центар на подрачјето на Центар била физички нападната од М.Д. (56).
Според пријавата, со М.Д. било и едно машко лице кое ја снимало С.К.П. со мобилен телефон.
Од полицијата информираат дека и М.Д. поднела пријава, во која навела дека била физички нападната од С.К.П.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден 70-годишник во пожар во куќа во виничко Блатец
На 11 јануари 2026 година во 12:04 часот во ОВР Виница било пријавено дека во село Блатец, околу 11:50 часот, настанал пожар во куќа и помошна просторија – работилница, сопственост на М.Д. (70) од истото село.
Како што информира полицијата, сопственикот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош од Виница бил пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош.
Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Виница и Територијалната противпожарна единица Кочани.

