Црна хроника
Три случаи на семејно насилство во Битола, нападнати сопруги и мајка

Три случaи на семејно насилство биле пријавени во текот на месец април во Битола, во коишто двајца битолчани ги нападнале своите соопруги, а трет битолчанец ја нападнал мајка си.
Едниот случај е регистриран на 19 април, кога четириесет и шестгодишен битолчанец, пијан, почнал да се расправа со неговата сопруга. Синот на неговата сопруга од првиот брак се обидел да ги раздели, но во тој момент пријавениот го удрил во пределот на десното око нанесувајќи му телесна повреда.Другиот случај се случил на 24 април кога педесетгодишен битолчанец влегол во спалната соба на поранешната сопруга, со викање ја разбудил и со кујнски нож и се заканил дека ќе ја убие. Потоа почнал да турка и влече низ ходникот, по што нивниот син дошол да ги раздели. Пријавениот сам паднал во ходникот по што повикал полиција. Во третиот случај, кој се случил на 12 април, триесет и четиригодишен битолчанец во семејната куќа почнал да вика по неговата мајка оти го пријавила за семејно насислтво. После тоа и побарал пари, а кога му рекла дека нема ја нападнал со тупаници и ја заклучил во спалната соба. Против тројцата се поднесени кривични пријави./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 30-годишник од Скопско поради тешка кражба, одреден му е притвор

На 14.10.2025 часот во 17:30 часот во трговски центар на подрачје на Карпош во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот М.А. од село Глумово, скопско поради извршено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Лицето по насока на Јавен обвинител беше задржано во Полициска станица и по комплетирање на доказниот материјал во координација со ОЈО Скопје истиот на 15.10.2025 година е изнесен пред судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка притвор.
Црна хроника
Жена од Илинден пријавила дека такси возач ја вознемирувал и ја допирал по телото

Вчера во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријавила дека на 15 септември, 30 минути по полноќ, такси возач наместо да ја однесе до нејзиниот дом, почнал да ја допира по телото.
Откако му се спротивставила, возачот престанал и ја однел до нејзиниот дом.
Жената го пријавила инцидентот и во такси-компанијата каде што возачот бил вработен, по што тој бил отпуштен од работа.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Сведок почина во граѓанскиот суд во Скопје

Вчера во полицијата било пријавено дека во Основниот граѓански суд Скопје починал З.Д., кој бил сведок на судење.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.