Црна хроника
Тројца повредени при судир на три возила на „Партизанска“
Три лица се повредени при судир на три возила што се случил во четвртокот вечерта околу 22.30 часот на булеварот „Партизански одреди“, кај бензинската пумпа „Окта“ во Скопје.
Во сообраќајката учествувале три возила „јагуар“, „ауди А3“ и „ауди А1“, сите со скопски регистарски таблици. Повредени се дваесет и едногодишниот возач на „јагуарот“ од скопското село Сарај, возачот на „ауди А3“, триесет и тригодишна жена од Скопје и и уште една триесет и седумгодишна сопатничка од „ауди А3“. Сите се пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“ од каде по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување.Неофицијално причина за сообраќајката е неприлагодената брзина на движење. Извршен е увид и се утврдуваат официјалните причини за несреќата./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.