Црна хроника
Тројно убиство во Злетово, убиецот во бегство
Тројно убиство се случило утрово околу 7 часот во Злетово, пробиштипско.
Според неофицијалните информации, со огнено оружје убиени се двајца повозрасни мажи и една жена.Повеќе детали од полицијата најавуваат по завршувањето на увидот. Тројно убиство се случи и пред дваесетина дена, кога кавадарчанец ги затрелал таткото, мајката и сестрата на неговата сопруга. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Грозоморни детали за случајот со дрвокрадците во Велес: со нож ги повредиле полицајците, се води постапка
Убоди од нож, закани со моторна пила под вратот – вистински ужас претрпеле тројцата припадници на шумската полиција во Велес, кога налетале на дрвокрадците кои физички ги нападнале.
По информацијата за случајот од МВР, Обвинителството објави дека повело постапка против тројца од четворицата осомничени, откако стана јасно дека четвртото лице е малолетно.
„Тројцата, на 27 декември, во близина на местото викано Ветерско кај поранешни лозја, со употреба на сила и сериозна закана спречиле тројца припадници на шумската полиција, во вршење на нивните службени задачи. Шумските полицајци ги затекнале тројцата осомничени со нивното возило со приколка во кое товареле нелегално пресечени дрва. Се обиделе да ги одземат дрвата и да ги приведат сторителите, но осомничените ги нападнале физички со нож. На двајца им нанеле телесни повреди, а на третиот припадник на шумската полиција му се заканиле, ставајќи му моторна пила под вратот“, се вели во детлите од Обвинителството.
За двајца осомничени надлежниот јавен обвинител до судот во Велес достави предлог за определување мерка притвор, а за еден побара мерки на претпазливост.
„Макфакс“ претходно објави дека приведедените се на возраст од 18, 36 и 57 години, а со нив било и малолетното лице. Со моторната пила се заканувал 18-годишникот.
Црна хроника
Полицајци завршија во болница – ги нападнале дрвокрадци во Велес, едниот им се заканил со моторна пила
Четворица велешани, од кои еден малолетник се приведени откако вчера нападнале тројца припадници на шумската полиција.
Приведедените се на возраст од 18,36 и 57 години, а со нив било и детето.
Според пријавеното, на земјен пат од езерото Младост кон селото Ветерско, велешко, додека тројцата полицајци вршеле службени задачи, ги затекнале четворицата дрвокрадци, по што биле физички нападнати од нив.
„Б.З. (едниот од дрвокрадците) користел и остар предмет и им нанел повреди на З.З. и Б.К. (шумска полиција), констатирани во болницата во Велес. додека В.В. (18-годишникот) се заканувал со вклучена моторна пила, како и С.З. и малолетното лице кои држеле дрвени предмети.
Напаѓачите потоа заминале со автомобил, но подоцна биле приведени и задржани во полициска станица.
За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Приведен пензионер кој сопрел малолетничка и ја канел во ресторан, кога го одбила и’ рекол дека пак ќе ја бара
Полицијата синоќа го приведе М.П.(72) од Демир Капија.
Според пријавеното од татко на малолетничка во овој град, девојчето било запрено од пензионерот кој и’ упатувал прашања и понуда за во ресторан, а откако бил одбиен, и’ рекол дека повторно ќе ја бара, од што таа се вознемирила и исплашила.
„Извршен бил разговор со малолетничката во присуство на родителот и преставник од Центарот за социјални работи Неготино“, велат од полицијата.
М.П. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.