Црна хроника
Уапсен дилер на хероин во Скопје
СВР Скопје-Единицата за недозволена трговија со дрога поднесе кривична пријава против Б.Ш.(25) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.
Од страна на Судија на претходна постапка на пријавениот му е изречена мерка притвор во траење од 30 дена.
Единицата за недозволена трговија со дрога, по предходно добиено сознание дека пријавениот, во текот на месец јуни 2015 година, од засега непознато лице, набавил поголема количина хероин и повеќе шишиња метадон, кои ги продавал на уживатели од Скопје превзеде мерки за потврдување на сознанието.
По наредба од Судија на претходна постапка од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога извршен е претрес во неговиот дом при што се пронајдени и одземени 12,57 грама хероин, спакуван во 13 полиетиленски паковки, девет шишиња метадон од по 10 мл, четири шишиња хептанон од по 10 мл и една дигитална вага на која по извршеното вештачење се детектирани траги од хероин. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претреси во Битола, пронајдена дрога: уапсена 18-годишна девојка и 40-годишен маж
Ноќеска во 02:00 часот на улицата „Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишија од слобода 18-годишната М.Р. од Битола затоа што кај неа е пронајдена прашкаста материја.
Подоцна, со наредба на Основен суд Битола, извршен е и претрес во нејзиниот дом, при што е пронајдена и одземена марихуана.
Исто така ноќеска, во 01:05 часот на улицата „Илинденска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода 40-годишниот О.Н. од Битола.
При претрес во неговиот дом, истиот извршен со наредба на Основен суд Битола, пронајдени и одземени се грутчеста и прашкаста материја, метални предмети со остатоци од прашкаста и растителна материја, дигитални ваги и други предмети со остатоци од дрога.
По целосно документирање на случаите, против двајцата ќе бидата поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Мајка од Велес ги оставила петте малолетни деца сами и заминала за Скопје
Полициски службеници од полициската станица „Ѓорче Петров“ синоќа во 2:05 часот по полноќ лишиле од слобода 36-годишна велешанка. Претходно во СВР Велес било пријавено дека таа во домот ги оставила нејзините пет малолетни деца и заминала во Скопје.
Како што денеска информираат од СВР Велес, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

