Црна хроника
Уапсен осомничениот за трикратното убиство во Кавадарци
Полицијата го уапси четириесетгодишниот Тони Станоев, кој се сомничи дека во неделата попладне ги застрелал сестрата, таткото и мајката на својата сопруга, потврдиja од МВР.
Трикратниот убиец бил фатен пред половина час на гробиштата во Кавадарци, а полицијата му го нашла и пиштолот со којшто го изврши убиството.Во моментот на апсењето тој почнал да бега, по што полицијата испукала неколку предупредувачки куршуми. Прашувал „дали се живи“, мислејќи на жртвите кои се убиени.
„МВР со целиот свој капацитет преземаше мерки и активности за лоцирање и приведување на сторителот и наоѓање на оружјето. Утрово сторителот е приведен и оружјето е обезбедено, а понатаму продолжува постапката по однос на целосно завршување на сите истражни дејствија поврзани со ова убиство“ изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Станоев бил во брак со Даниела десет години и имале две малолетни деца. Во моментот се водела бракоразводна постапка, а претходо бил пријавуван во полиција за семејно насилство.Во моментот на убиството неговата сопруга била на работа, кога се вратила ги нашла своите најблиски застрелани./крај/мвр/
Извор: Фото: Дневник
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

