Црна хроника
Уапсени 14 лица за нелегална трговија со оружје на Балканот
Во периодот од 17-ти до 19-ти април, Генералниот секретаријат на Интерпол предводеше регионална операција наречена „Balkan Trigger“, насочена кон нелегалната трговија со огнено оружје во земјите од западен Балкан, која резултираше со лишување од слобода на 14 лица и заплена на експлозив, оружје и муниција, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во периодот од 17-ти до 19-ти април, Генералниот секретаријат на Интерпол предводеше регионална операција наречена „Balkan Trigger“, насочена кон нелегалната трговија со огнено оружје во земјите од западен Балкан, која резултираше со лишување од слобода на 14 лица и заплена на експлозив, оружје и муниција, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Имено, околу 40 парчиња различно огнено оружје, 6 килограми експлозив, 11 рачни гранати и 1 300 парчиња најразлична муниција беа запленети во текот на операцијата „Balkan Trigger“ која траеше 48 часа и која беше спроведена од страна на 5.000 полициски службеници распоредени во земјите кои беа дел од оваа операција Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Словенија и Црна Гора. Поради зголемената загриженост за состојбата со недозволената трговија со огнено оружје од балканскиот регион во Европа, кое се користи за терористички напади, клучниот фактор за спроведување на оваа операцијата на Интерпол утврдување на силна мрежа за поефикасно сузбивање на овој вид на криминал. Околу 43.000 лица беа сопрени на граничните премини, транзитните патишта и посебно определените места за контрола, по должината на целиот регион, со повеќе од два милиони проверки извршени во дата-базите на Интерпол, вклучително и базите за потрага по лица, изгубени и украдени документи и украдени автомобили. „Неодамнешните терористички напади како во Европа така и во светот каде како примарно се користи повеќе огненото оружје од експлозивот, покажа дека потребно е да се направи поефективна контрола“, рече во своето обраќање Тим Морис, извршен директор во Интерпол. Целта на операцијата „Balkan Trigger“ е да се создаде цврста основа која ќе биде појдовна точка за понатамошните активности на земјите во борбата со нелегална трговија со огнено оружје. Исто така, во текот на операцијата беа запленети и 52 кгр марихуана, 14,5 кгр злато и 250.000 евра. Покрај полициските службеници кои дејствуваа во сопствените земји, во регионалниот координативен центар во Сараево партиципираа и полициски службеници од земјите учеснички, а кои дејствуваа во корелација со координативниот центар во Генералниот Секретаријат на Интерпол. Податоците добиени од операцијата понатаму ќе бидат дополнително анализирани со цел добивање на почиста слика за можни потенцијални поврзаности со други кривични дела и терористички активности во регионот и пошироко. /крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

