Црна хроника
Уапсени петмина Македонци за продажба на хероин, се трага по турски државјанин
Уапсени пет македонски државјани за продажба на 100 грама хероин, додека се трага по еден турски државјанин кој е недостапен за органите на прогонот.
Во текот на ноември турскиот државјанин од Турција незаконски набавил хероин и го транспортирал во Македонија за да биде продаден. На почетокот од декември четворица скопјани требало да го препродадат хероинот, но продажбата им одела тешко бидејќи хероинот бил неквалитетен, па ја спуштиле продажната цена и се договориле да го продаваат во помали количества.Хероинот го купил гостиварец на средба со сега приведените во саботата. Но, полицијата го запрела неговото возило „опел астра“ и при претресот најдено е едно полиетиленско пакување со прашкаста материја со светлокафена боја.Одземената прaшкаста материја е предадена во Одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи поради натамошно вештачење. По извршено вештачење утврдено е дека станува збор за наркотична дрога хероин со вкупна тежина од 99,8 гр. Запленетиот хероин при продажба на домашниот нарко пазар на мало би достигнал цена од 2.500 евра.На уапсените им е одреден притвор во траење од 30 дена. Инаку досега, во рамки на операцијата „Мрежа“ кривично се пријавени над 160 лица, а запленети се и над 520 килограми разни видови наркотици. /крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Комбе удри пешак во Скопје, со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Старица паднала од автобус, па била прегазена
Вчера околу 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, автобус „мерцедес“, управуван од В.А.(56) од Скопје, ја прегазил преку нога 72-годишната А.Б. од Скопје, откако претходно паднала од автобусот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Б., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Топ
Во Белград уапсен Саит Саитов, кој прегази жена во Капиштец и избега
Министерството за внатрешни работи извести дека вчера биле информирани од надлежните служви во Србија дека во Белград е лишен од слобода Саит Саитов од Скопје, кој се бара со меѓународна потерница, распишана од македонското МВР, под сомнение за извршени тешки кривични дела „против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ и „неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода“, за кривично-правен настан кој се случи во Скопје на 09.01.2026.
На Саитов му е одреден екстрадициски притвор и следува постапка помеѓу министерствата за правда на двете држави, со цел негово екстрадирање во Македонија и изведување пред лицето на правдата и негово соодветно санкционирање.

