Црна хроника
Убоди од нож причина за смртта на момчето во Велес

Дваесет и тригодишниот Адил Сулејманов од село Бузалково е лицето што беше пронајдено мртво во четврток во Велес, а смртта е предизвикана од два убода од нож.
Првичните информации беа дека станува збор за прострелни рани.
Полицијата не открива дали станува збор за убиство или самоубиство, а повеќе информации се очекуваат по завршувањето на истрагата.
Она што сега е познато е дека Адил вчера околу 16 часот со такси од Бузалково се упатил кон Велес, да го остави лаптопот на поправка. Таксистот го оставил во центарот на Велес, по што му се губи трагата.
Родителите до доцна во ноќта чекале Адил да се врати дома. Неуспешни биле обидите да го добијат на мобилен. Утринава, за МРТ откриваат неговите блиски, започнала потрагата.
Го барале насекаде. Татко му стигнал до семејниот плац, во непосредна близина на индустриската зона УЗУС2. И таму во камп приколката со прострелна рана го пронашол веќе мртов својот син.
Истрагата е сè уште во тек, велат од полицијата. Повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден. Телото на момчето, по наредба на Јавен обвинител, е дадено на обдукција. /крај/лсц/мф
Извор: Лисица
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кавадарчанец си го реновирал домот и во ѕидот нашол експлозив и фитиљ

Триесет и деветгодишен кавадарчанец нашол експлозив реновирајќи го својот дом.
Според информациите од МВР, Н.М. во внатрешноста на ѕидот нашол 18 парчиња стар експлозив и две парчиња стар фитиљ.
Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување безбедно ги подигнал предметите, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кавадарци.
Црна хроника
Сообраќајна незгода меѓу автомобил и службено возило на МВР, повредени полицајци

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 18.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Србија“, ул.„3 Македонска Бригада“ и ул.„12 Македонска Бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(54) од с.Марино, скопско и патничко возило „рекстон“, сопственост на МВР.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот во патничкото возило „ауди“ и двајца полициски службеници, сопатници во службеното возило, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа на „Партизанска“

Мотоциклист се здобил со тешки повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 07.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„8 Септември“ и бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со српски национални ознаки, управувано од С.П.Н.(58) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(43) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.