Црна хроника
Украдени 40.000 долари од приватен сеф во Комерцијална банка
Непознато лице украло 20.000 канадски долари, односно 40.000 долари од приватен сеф во Комерциајлна банка, филијала во Битола.
Кражбата се случила во периодот од 26 мај до 21 октомври кога ја пријавил полномошникот по овластување на корисникот на сефот, педесет и тригодишен маж кој живеел во Канада. Сторителот на непознат начин и без оштетување го отворил сефот и одзел два бели коверти во кои имало по 20.000 канадски долари, односно вкупно 40.000 долари, сите во апоени од по 100 долари.Полномошникот на сефот забележал дека ги нема ковертите кога по пропишаната процедура му било дозволено да има пристап до сефот. Пријавителот за тоа го информирал и директорот на банката. Во консултација со Јавен обвинител увид бил извршен пред два дена. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Bo Охрид приведен бегалец од Идризово
Денес на улицата Пере Тошев во Охрид, приведен е Б.И. (35) од селото Горно Татеши, Струга, кој бил баран со централна потерница од затворот Идризово поради бегство, информира МВР.
„Б.И. е осуден за кривично дело „тешка кражба“ на казна затвор од осум години и седум месеци, а за доиздржување има пет години, седум месеци и осум денови“, велат од полицијата.
Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.
Црна хроника
Затвореник од Идризово нападнал чувар
Вчера во просториите на судско одделение во болниц а во Карпош, вработен во затворот Идризово бил физички нападнат од осуденикот А.В.(21) од Кичево, кого го обезбедувал.
Извршен бил увид и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопшти МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
МВР: Вработена во казино префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машините, па играла иако не и било дозволено
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Д.М.(28) поради затајување.
„На 31.12.2024 во Кочани, пријавената – вработена во казино, во неколку наврати, префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машините, по што неовластено ги искористила и покрај тоа што не и било дозволено да игра“, велат од МВР.