Црна хроника
Украдени компјутери од училиште во Алдинци

Лап топ компјутери се украдени од основното училиште во село Алдинци, крушевско, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Кражбата се случила ноќта меѓу средата и четвртокот. Арамијата влегол во основното училиште „Никола Карев“ од каде што украл 16 лап топ компјутери.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Изгоре автомобил во скопски Центар, нема повредени

Утрово во 03.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар, било опожарено патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.С.. Повредени нема, а Бригадата за противпожарна заштита на Скопје го изгасила огнот.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
топ-тема
Повреден полицаец на мотоцикл кој бил на задача, во Чаир во него удрил 34-годишен скопјанец

Полицаец на мотоцикл е повреден синоќа во сообраќајна незгода на крстосницата на улиците Џон Кенеди и Благоја Паровиќ во скопски Чаир.
„Во 21.45 часот во СВР Скопје била пријавена сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило ’сеат’ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(34) од Скопје и мотоцикл ’хонда’, сопственост на МВР, управуван од полицискиот службеник Љ.С. (кој извршувал работни задачи). По судирот мотоциклот излетал надвор од коловозот и удрил во паркирано патничко возило ’пежо 308’. Во несреќата со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градска општа болница ’Св.Наум Охридски’ во Скопје“, извести МВР.
Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а известен е и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.
Црна хроника
На Блаце уапсен Албанец баран од германскиот Интерпол

Полицијата вчера приведе 31-годишен Албанец баран со потерница од германскиот Интерпол.
„На 10.05.2025 во 18 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Л.А.(31) од Р.Албанија, затоа што при гранична контрола било констатирано дека евидира со мерка ’апси’ по барање на Интерпол-Германија“, соопшти полицијата.
Уапсениот е задржан во полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.