Црна хроника
Украдени пари и накит вредни илјада евра од куќи во Охрид, крадците уапсени
Пари, разен накит и лап-топ компјутери биле украдени од куќи во Охрид и во село Долно Лакочереј при што крадците се стекнале со противправна имотна корист од околу илјада евра. Полицијата ги уапси двајцата арамии и против нив поднесе кривични пријави за „тешка кражба“ и „прикривање“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Имено, лицето Г.С. (35) од Долно Лакочереј, охридско, кон крајот на март оваа година, со употреба на физичка сила насилно го отворил прозорецот од приземје на куќа на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид и по извршеното пребарување, одзел два лап-топ компјутери, околу 10.000 денари, 200 евра, сребрен и „Сваровски“ накит.
Еден од украдените лап-топ компјутери, подоцна бил даден на залог кај второпријавениот В.Т. (39) од Охрид, кој потоа го продал за 2.000 денари.
Кон средината на април, Г.С. со употреба на физичка сила насилно отворил влезна врата од куќа во селото Долно Лакочереј од каде одзел 9.000 денари.
Со извршените тешки кражби, Г.С. и В.Т. се стекнале со против-правна имотна корист од 59.000 денари.
Инаку, пријавените Г.С. и В.Т. се лица познати на полицијата против кои, за вакви и други казнени дела, и досега им биле поднесувани повеќе кривични пријави.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Го претепал и го избркал од дома малолетниот син: кривична пријава за кумановец
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ч.С.(49) од Куманово.
Според полицијата тој се сомничи за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.
Имено на 29.12.2025 во Куманово, пријавениот физички го нападнал неговиот малолетен син и го избркал од дома.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

