Црна хроника
Украдени пиштол, накит, пари и постелнина
Во две одделни кражби во Скопје и во село Катланово, украдени се пари, накит, пиштол, постелнина и бела техника.
Имено, во саботата. во Скопје на ул.„Разловечко Востание“ непознат сторител со употреба на подесен алат насилно ја отворил вратата од стан сопственост на В.Р.(41),при што бил одзел пиштол „ЦЗ“-7,62мм, 17,000 денари, 120 евра, златен накит, накит „Сваровски“, часовници по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 300.000 денари. Во петокот пак, во село Катланово непознат сторител со употреба на подесен алат насилно ја отворил влезната врата од куќа сопственост на Д.Т.(68) и извршил тешка кражба при што одзел златен накит, постелнини, чаршафи, ќебиња, двд со звучници по што го напуштил местото на настанот стекнувајќи се со противправна имотна корист од 250.000 денари.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случаите/крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

