Црна хроника
Украдени повеќе од милион денари од поштата во село Буковиќ

Повеќе од милион денари биле украдени во вторник од поштата во скопското село Буковиќ, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Кражбата, во експозитурата на ’Македонска пошта’, ја извршиле две маскирани лица вооружени со пиштоли. Разбојниците нападнале еден од тројцата вработени и една странка што се заткнала во поштата при што одзеле 1.108.000 денари.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителите.
Во последните неколку месеци експозитурите на ’Македонска пошта’ се честа мета на вооружените разбојници низ цела Македонија.
Само во јуни пријавени се три кражби и тоа: во експозитурата во Железара од каде што беше украден сеф со 300 денари, потоа во експозитурата на Бит Пазар од каде што беа украдени 1.300 евра и во прилепското село Воѓани, од каде што разбојникот украде околу 300 евра./крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.