Црна хроника
Уште една пријава за сопственичката на агенцијата „Виаџо“, измамила петнаесетина иселеници
Прилепската полиција поднесе кривична пријава против сопственичката на поранешната туристичка агенција од Прилеп „Виаџо“ којашто е во стечај. Прилепчанката која пред неколку години измами прилепчани кои уплатија летувања преку оваа агенеција за Шпанија, Турција, Египет, извршила промена на седиштето на агенцијата од Прилеп во Скопје под името „Сториа травел“ и продолжила со измамите.
Кон крајот на 2015 и 2016 година почнала повторно да врши туристички услуги, се претставувала лажно дека е овластена да продава промотивни авио карти – по цени далеку поевтини отколку реалните, без да ги поседува потребните дозволи – сертификати за организирање на авио превоз – ИАТА сертификат, и без да склучува било какви Договори за соработка со авио превозниции.Иселениците парите ги уплаќале на жиро сметката на фирмата „Сториа травел“, а на поголем број од нив парите им биле наплаќани во готово. На дел од оштетените им издавала каса-прими, од други оштетени, пак, примала пари во готово пред нотар. Исто така дел од оштетените паричните средства ги уплаќале на жиро сметка сопственост на нејзината мајка која жиро сметка не е сопственост на агенцијата, а голем дел од оштетените граѓани, посебно граѓани кои живеат во странство, парите и ги плаќале лично на пријавената преку услугата „Брз трансфер на пари“, особено во периодот додека се води стечајната постапка, односно пред активирањето на жиро сметката на фирмата во март 2016 година. За целокупното работење прилепчанката не водела никаква книговодствена евиденција, ниту издавала фискални сметки, ниту, пак, прикажувала и плаќала ДДВ. Имено, за примените пари пријавената на дел од оштетените граѓани им изготвувала договори за аранжмани без датум на склучување на договорите, при тоа не водејќи сметка дали фирмата е во фаза на стечај, дали е со седиште во Скопје или Прилеп, при што предмет на Договор се количински определен број на авио карти со неопределен датум на лет и релација и дестинација, само со наведување на авиопревозникот, а со важност од една, три или пет години, со напомена задолжително букирање на авио картите 30 дена пред денот на летање, до 72 часа пред летот со можност за промени.На други пак, преку електронска коресподенција им доставувала само резервација за авио карта без притоа да им достави авио билет кој се обезбедува откако плаќањето ќе биде извршено. Како гаранција дека истата им обезбедила авио карти се електронски термини на летовите кои се вклучени за одредена дестинаци, додека на ниту еден од оштетените граѓани им нема доставено потврда за извршено плаќање на авио карта. Иселениците ги намамувала преку нејзина братучетка, која често патувала во странство и има контакти со иселеници од Македонија, кои имале потреба од авионски карти за посета на Македонија. Братучетката ја вработила во нејзината фирма од 01.03.2016 година, а ја овластила и за потписник на жиро сметката од 10.07.2016. На ваков начин пријавената оштетила петнаесетина субјекти од кои едно е правно, а останатите се физички лица и притоа се стекнала со противправна имотна корист од 1.613.446 ден./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

