Црна хроника
ВИДЕО МВР: Парите од студентите ги земал сопственикот на бифето, ги предавал на асистентот, па на професорите
Министерството за внатрешни работи поднесе кривични пријави за примање на поткуп, примање на награда за противзаконито влијание и давање поткуп против осуммина осомничени во случајот „Еразмус“, односно полициската акција што ја спроведе полицијата во понеделникот попладне на Економскиот факултет во Скопје којашто траеше до рано утрово.
Петмина од осомничените, меѓу кои поранешниот декан и професор по менаџмент Бобек Шуклев, во вторник се изведени пред судија на претходна постапка.Од Основниот суд Скопје 1 потврдуваат дека приведените моментално тие се наоѓаат на распит, а на тројца од осомничените во вторникот им е врачена покана за разговор во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.Тројца од осомничените со иницијали Т.Ф., С.Д. и Љ.И. не се повикани на информативен разговор бидејќи така одлучил надлежниот јавен обвинител.Попладнево Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков одржа прес-конференција на којашто соопшти дека случајот бил отворен по пријава на студенти. Професорите барале и примале поткуп од 500 до 1.000 евра за да им пишат преодна оценка за положен испит на студенти без знаење, а имало случаи кога студенти добиле шестка иако немале право да го полагаат испитот или не им бил пријавен во таа испитна сесија. Осомничени се професори кои предавале по предметите, Основи на економија, Основи на сметководство, Математика за економисти, Статистика за бизнис и економија, Економика на претпријатита и Менаџмент на мали бизниси, еден асистент и сопственикот на бифето во Економскиот факултет.Групата имала разработен систем за земање пари, па според МВР, студентите парите му ги давале на сопственикот на бифето, тој му ги давал на асистентот, а асистентот на професорите.Групата била следена две години, во периодот од 2014 и 2015 година, а доказите се обезбедни со примена на Посебни истражни мерки. Во понеделникот полицијата извршила 13 претреси, седум во домовите на осомничените, четири во професорските кабинети, во бифето и на Студенстки прашања на Економскиот факултет. „При претресот на возилото на еден од осомничените пронајдени се парични средства во висина од 1.000 евра кои се предмет на кривичното дело. Кај друг професор пронајден е телефонски апарат ‘Ајфон 6’ а во неговиот кабинет се пронајдени четири индекси. Во домот на друг осомничен пронајден е исто така еден индекс. Од Студентски ппрашања одземени се 17 досиеја на студенти. При претресот е пронајден и нотес во кој имало матични броеви и друг податоци од стиуденти“, рече Чавков.Основното јавно обвинителство соопшти дека има сомненија дека дел од професорите барале и сексуални услуги од студенти за преодна оценка, но Чавков изјави дека тоа е чувствителна тема за која се надева дека во понатамошната постапка обвинителството ќе приложи соодветни докази за повеќе начини на кои пријавените ја злоупотребиле службената положба. Според Министерот, со полициската акција не била нарушена автономијата на Универзитетот бидејќи за одредени кривични дела за кои постои сомневање дека се вршат в рамки на Универзитетот полицијата може да врши претреси. За акцијата бил известен и ректоратот на УКИМ./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

