Црна хроника
Видео: Уaпсени 24 дилери на дрога низ Македонија
Во полициската акција „Лостос“ рано утринава беа уапсени 24 дилери на дрога од осум градови во Македонија кои препродавале наркотични дроги хероин и марихуана, како и синтетичка дрога амфетамин беа преземени мерки и активности за обезбедување на материјални докази.
Организаторот на групата бил од Велес и освен што продавал дрога, воспоставил мрежа на препродавачи низ повеќе градови во Македонија. Извршени биле претреси во домови на 24 локации кај исто толку лица, од кои 11 на подрачјето на Велес, четири во Скопје, три во Свети Николе, две во Кочани и по еден на подрачјата на Штип, Кавадарци, Гевгелија и Струга. При претресите беа пронајдени и со потврда одземени околу 5500 евра, околу 100 грама хероин, 160 грама смеса од кофеин и парацетамол, ваги, како и паковки хероин и марихуана спремни за продажба.Велешанецот набавувал хероин и марихуана од непознати лица кои во својот дом ги препакувал во помали количини и по претходен телефонски договор ги продавал на лица дилери и уживатели на дроги на договорени средби во повеќе градови и тоа за цена од околу 1000 денари за грам хероин и 500 денари за паковка марихуана.Исто така првоосомничениот кон крајот на 2015 и почетокот на 2016 година организирал мрежа на препродавачи и посредници при што ангажирал уште три лица сите од Велес да вршат продажби на хероин и марихуана со цел стекнување со противправна имотна корист. Лицата по добиените инструкции и по извршената продажба на дрогата дел од заработката ја задржувале за себе, а поголемиот дел му ја носеле на првоосомничениот во неговиот дом. Освен денешните претреси во претходниот период биле реализирани уште два случаи на недозволена трговија со наркотични дроги во кои беа запленети скоро 30 килограми марихуана, 40 паковки хероин и уште 7 паковки марихуана во рамки на акцијата. Исто така беа поднесени 14 кривични пријави против 20 од лицата, кај кои е пронајдена помала количина наркотична дрога, одземени беа четири ПМВ и два мотори, а во периодот од воспоставување на оперативната акција до денес, изречени се прекршочни санкции во висина од 14.000 евра. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 33-годишник во Центар, бил во возило со две малолетнички
Полициски службеници од СВР Скопје вчера околу 22:30 часот, на подрачјето на Центар во Скопје, сопреле патничко моторно возило управувано од З.Т. (33) од Скопје.
Како што информираат од полицијата, во возилото се наоѓале две малолетнички со кои тој се познавал од претходно, но не биле во роднинска врска. З.Т. бил лишен од слобода и со него бил извршен службен разговор во полициска станица.
Службен разговор бил извршен и со двете малолетнички, во присуство на нивните родители, бранител и стручен тим од Јавна установа – Меѓуопштински центар за социјални работи.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Малолетничка најдена онесвестена во Карпош, пренесена е на Клинички
Шеснаесетгодишна малолетничка била пронајдена во безсознание вчера околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош, информираат од СВР Скопје.
Според пријавата, девојчето итно било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. При интервенцијата, кај неа биле пронајдени мало шише со бела прашкаста материја и бела грутчеста материја.
Со малолетничката бил и П.С. (18) од Скопје.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Залутан куршум заврши во куќа во Долно Лисиче
Вчера во СВР Скопје, Д.А. од село Долно Лисиче, скопско, пријавил дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал истрел, а потоа пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило стаклото од балконот.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.

