Црна хроника
Внукот на Рафиз Алити спроведен во затвор за пожарот во Пошта
Внукот на Рафиз Алити, пратеник од ДУИ, Арменд Фазлиу утрово бил приведен на издржување на казната затвор за предизвикување на пожарот што избувна во „Македонска пошта“ којшто предизвика огромна материјална штета.
„СВР Скопје утрово околу 10 часот, постапувајќи по судска наредба, го приведе триесетгодишниот А.Ф. за издржување на затворска казна“, велат од МВР.Фазлиу беше осуден на 14 март минатата година на две години затвор, но Апелациониот суд му ја намали казната на една година и шест месеци. Фазлиу поднел молба до Судот за одлагање на издржувањето на затвоската казна, но откако ги исцрпил сите законски можности и судот му ја одбил молбата, дадена е наредба за негово приведување.„Откако лицето ги има исцрпено сите законски можности за одлагање на извршување на затворската казна, односно откако на 10.02.2015 му е издаден упатен акт , обвинетиот на 17.02.2015 поднел молба за одлагање за извршување на казната затвор до судија за извршување санкции при Основниот суд Скопје 1 – Скопје. Со решение од 19.05.2015 година судијата му ја отфрлил молбата на што истиот се жалел до Кривичниот совет на овој суд . На 13.07.2015 година советот ја одбил жалбата како неоснована со што решението на судијата за извршување санкции се потврдува. Откако се завршени сите законски можности и рокови, на 04.09.2015 година судијата за извршување санкции издаде наредба до МВР за спроведување на лицето на издржување на казната“, соопштуваат од Судот.Фазлиу кој беше шеф на кабинет на Рафиз Алити, тогашен директор на „Македонска пошта“ се товари за тешко дело против општата сигурност на луѓето и имотот, односно за предизвикување на пожарот кој во 2013 година го зафати главниот објект во центарот на Скопје и предзивика голема материјална штета од 100.000 евра./крај/мф/ффс
Извор: Фото: Академик.мк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен 21-годишен охриѓанец, нападнал полицаец
Вчера во 00:10 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, приведен е лице на (21) од Охрид, кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Угинато куче со пена на уста најдено на улица во Кавадарци, ќе постапува обвинител
Угинато куче било пронајдено доцна синоќа на улица во Кавадарци, по насока на јавен обвинител телото било однесено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.
– Синоќа во 22:15 часот во ОВР – Кавадарци, од Здружението за заштита на животни било пријавено дека на улица „Димката Ангелов – Габерот“ во Кавадарци има мртво куче со пена на устата. По насока на јавен обвинител, телото на кучето било подигнато од ветеринарен лекар и однесено во ветеринарна станица за вршење обдукција. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопштија од СВР – Велес.
Црна хроника
10-годишно девојче тешко повредено од заталкан куршум во Глумово
Десетгодишно девојче од скопското село Глумово вчера било повредено од заталкан куршум. Во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде што е пренесено, лекар констатирал тешки телесни повреди во пределот на ногата.
За случајот, кој бил пријавен вчера околу 16 часот во СВР Скопје, денеска информира Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен.
-На 31.01.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од куќа во с.Глумово, Скопско, од заталкано зрно било повредено 10-годишно девојче, во пределот на ногата, по што било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде од страна на лекар констатирани му биле тешки телесни повреди, информира МВР.
Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.

