Црна хроника
Во бизарна несреќа кај Демир Капија, повредена жена

Во петокот се случила сообраќајка меѓу автомобил и работна машина – багер, при што била повредена сопатничката во автомобилот.
Имено, во петокот, во 20,30 часот на автопатот Неготино-Демир Капија се случила сообраќајна незгода помеѓу автомобил „Фолксваген Тигуан“ со велешки регистерски ознаки управуван од Л.Г. (26) од Богданци и работна машина-багер.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката во автомобилот, З.П. (36) од Богданци.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полициската станица-Неготино. Се работи на целосно расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Млад возач удри пешак во Скопје, во болница е со тешки повреди

На улицата Благоја Стефковски во Скопје, синоќа околу 21 часот се случи сообраќајна несреќа, пришто прегазен е 54-годишен пешак.
Според информацијата од МВР, во пешакот удрил автомобил, управуван од Б.И.(24) од селото Грчец, скопско.
Пешакот е тешко повреден и пренесен во Градската болница „8 Септември“.
Извршен е увид на местото на несреќата.
Црна хроника
Браќа нападнати од група во Гази Баба, оштетен и семејниот автомобил на момчињата

Мајка пријавила дека вчера околу 18.00 часот на подрачјето на Гази Баба, нејзините синови на возраст од 22 и 16 години биле физички нападнати од неколку лица.
Тие употребиле и метален предмет со кој го оштетиле нивното возило.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанка нападната од сопругот со кој се разведува

Четириесет и двегодишна скопјанка од Драчево синоќа била нападната од нејзиниот сопруг во семејниот дом.
Од МВР велат дека двојката е во бракораводна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.