Црна хроника
Во два напада на четворки ограбени бензиска и пешак
Скопската полицијата во раните утрински часови во саботата добила пријави за два одделни напада извршени од најверојатно две различни групи од по четири лица, кои ограбиле бензинска црпка и пешак.
Скопската полицијата во раните утрински часови во саботата добила пријави за два одделни напада извршени од најверојатно две различни групи од по четири лица, кои ограбиле бензинска црпка и пешак.
Прво околу 4,30 часот на улицата „Македонско-косовска бригада“, поточно на бензинска пумпа „Пуцко петрол“, четири непознати маскирани лица со закана со пиштол го одзеле дневниот промет од вработените по што го напуштиле местото на настанот.
Половина час подоцна, на улицата „Кеј Димитар Влахов“, исто така, во Скопје, лице кое се движело пешки било нападнато од страна на четири за него непознати лица, кои биле со возило.
Четворицата насилници излегле од возилото, при што еден од нив го удрил пешакот во пределот на главата и откако овој паднал, другите физички го нападнале барајќи му го мобилниот телефон, а потоа насилно му одзеле една машка ташна во која имал 300 евра, 3.000 денари, разни кредитни картички и други лични документи, по што лицата влегле во возилото и го напуштиле местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на двата слуачи информираа од СВР Скопје./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

