Црна хроника
Во две одделни сообраќајки повредени 18 лица
Во две посебни сообраќајни незгоди, во неделата повредени се дури 18 лица, соопшти полицијата.
Имено, во неделата околу 12.25 часот на локалниот пат Велес-езеро „Младост“, се случиола сообраќајна незгода помеѓу автомобил „мерцедес“ со скопски регистарски таблички и автомобил марка „БМВ“ со велешки регистарски таблички во која повредени биле 10 лица. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Велес и сеработи на целосно расчистување на случајот.Истиот ден, околу 16,50 часот на магистралниот пат Крива Паланка-Куманово, во близина на село Војник случена била сообраќајна незгода во која учествувале три автомобили со кумановски регистарски таблички и еден автомобил со гостиварски регистарски таблички при што со повреди се здобиле осум лица. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.