Црна хроника
Во Основен суд Скопје ќе се изречат пресудите за случајот 'Монструм'
Во Основниот суд Скопје 1 се очекува во понеделник да бидaт изречени пресудите за случајот „Монструм“ во кој се обвинети вкупно седум лица за брутална егзекуција на четири тинејџер и рибар, откако првично закажаното изрекување беше одложено поради здравствени проблеми на судечкиот судија Ивица Стефановски.
Судскиот процес за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12-ти април 2012 година, познат како случајот „Монструм“ или Велигденскиот масакар кога беа убиени четири момчиња, Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефковски, и во кој се обвинети седум лица за тероризам, започна на 20-ти декември 2012 година. Според обвинението, убиството имало цел да предизвика несигурност кај населението и да ја наруши безбедноста во земјата за предизвикување страв кај граѓаните.Двајца од обвинетите, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се осомничени дека се директни извршители на убиствата сѐ уште се во затвор во Приштина и не се екстрадирани.Тие во март 2013 година беа осудени на затворски казни од две и две ипол години затвор за недозволено поседување оружје. Македонија веќе подолго време бара нивна екстрадиција, но засега нема никакво официјално објаснување зошто тоа не се прави.Во судот пресудата ќе ја ислушаат Агим Исмаиловиќ, Фејди Азири, Сејди Рама, Хаки Азири и Сами Љута. Обвинителката Гордана Гешковска побара најстроги казни за обвинетите со образложение дека свесно ги масакрирале петтмината Македонци на Велигден само за да предизвикаат страв кај православното население.Отпрвин шест лица беа осомничени за убиството, Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди, Хаки Азири, а во декември 2013 година на обвинителната клупа седна и седмообвинетиот Сами Љута, кој е осомничен дека чувал стража додека извршителите ги убивале петте жртви. Алил Демири и Африм Ислаимовиќ се уапсени на Косово за нелегално поседување на оружје и нив им се суди во отсуство.Во март годинава во судницата во скопскиот Основен суд 1 во средата беа прикажани видеа со наслови „Ал Каеда ги обучува муџахедините“, „Поддржувачи на исламот“, „Разбуди се брату муслиману“, коишто биле пронајдени во компјутерите на осомничените, но не беше прецизирано кај кој од нив.На видеата можеа да се видат сцени од улични борби на вооружени маскирани лица, обуки на муџахедини, сцени од рушењето на кулите близначки во Њујорк на 11-ти септември, говори на Осама бин Ладен, прилози за Крстоносните војни, а во позадина на записите се слушаа извадоци од Куранот и песни во кои се повикува на тероризам на арапски јазик кои во судницата ги преведуваше преведувач. На дел од видео записите имаше албански превод.За одбраната на обвинетите, овие видео материјали немале никаква врска случајот, истите не може да се сметаат за доказен материјал и нивното прикажување е беспредметно.Обвинителството во завршните зборови што ги даде пред судот на 30-ти мај побара најстрога казна за осомничените.На 5-ти јуни Одбраната во судскиот процес за случајот познат како „Монструм„, во кој седум лица се осомничени за тероризам и за соизвршителство, во Основниот суд 1 Скопје ги даде завршните зборови. Четворицата адвокати побараа ослободителна пресуда и нагласија дека обвинителниот акт се базира на претпоставки и дека обвинителството нема докази дека осомничените се извршители на петкратното убиство.Адвокатот Насер Руфи рече дека уште од притворувањето на осомничените, во мај 2012 година, тие биле етикетирани како „убијци„ и „монструми’ со што била нарушена пресумпцијата на невиност, како од страна на одредени медиуми, така и од страна на некои институции.Во неговите, како и во завршните зборови на останатите тројца адвокати Митко Солаков, Ѓорѓи Настевски и Асми Алиспаѓиќ, повеќепати беше повторен исказот на четворица сведоци кои на денот на убиството виделе луѓе кај Смилковското езеро, а кои категорично отфрлиле дека осомничените биле тие лица. Руфи голем дел од своите завршни зборови посвети на заштитениот сведок Е1, односно неговото сведочење, кој во исказите тврдеше дека на денот на убиството, како и неколку денови пред тоа ги видел осомничените кај местото на злосторството. Руфи рече дека сведокот пет пати давал различни и нелогични контрадикторни изјави.Исто така, Руфи во опсежните завршни зборови кои ги читаше речиси час и половина, рече дека нема директни очевидци на егзекуцијата, како и вербален доказ за наводниот договор меѓу осомничените за извршување на убиство, со што, рече, целиот обвинителен акт во недостиг од докази се базира на претпоставки.Во врска со видео материјалите со радикално екстремистичка содржина пронајдени во запленетите компјутери на осомничените, одбраната рече дека тие немаат никаква врска со кривичното дело и дека тие видеа се достапни секому на интернет.Осомничените Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Сами Љута, Рами Сејди и Хаки Азири се изјаснија за невини и ги отфрлија обвинувањата. Во Монструм се осомничени и Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се во притвор во Косово./крај/мф/сд
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсени возачи во Штип, Кочани, кумановско и кичевско: возеле пијани и со брзина поголема од дозволената, а двајца од нив предизвикале и сообраќајни незгоди
Вчера во 14:13 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Н.(57) од Штип. Претходно, во 14:00 часот на ул.„Маршал Тито“ во Штип, тој со неговото возило „сеат“ со штипски регистарски ознаки учествувал во сообраќајна незгода со патничко возило „нисан“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(44) од Штип, патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.Н.(64) од Штип и патничко возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 53-годишната В.Ч. од Штип.
При преземање мерки во врска со незгодата и по извршено алкотестирање со дрегер констатирано е дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,57 промили алкохол во крвта.
На 14.12.2025 во 20:01 часот на ул.„ВМРО“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани ја лишија од слобода Н.М.(45) од с.Горни Подлог, кочанско. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген поло“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувала, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,63 промили алкохол во крвта, по што веднаш е исклучена од сообраќај и задржана во полициска станица.
На 14.12.2025 во 12:06 часот на регионален пат во с.Љубодраг, кумановско, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Љ.(19) од с.Љубодраг. При контрола во сообраќајот со радар е констатирано дека управувал патничко возило „сеат“ со кумановски регистарски ознаки со брзина од 95 километри на час во населено место каде максимално дозволена брзина е ограничена со сообраќаен знак на 40 километри на час.
На 14.12.2025 во 22:49 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Н.П.(48) од с.Лескоец, охридско. При сообраќајна контрола на ул.„15 Корпус“ во Охрид сопрено е патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,66 промили алкохол во крвта.
На 14.12.2025 во 18:25 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај место викано „Копачка“, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода О.М.(63) од Кичево. Претходно, тој со патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од патот и удрил во заштитна ограда, а при преземање мерки во врска со незгодата е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
фото: МВР
Црна хроника
(Фото) Двајца уапсени, запленети 272 парчиња разновидна брендирана стока, 174 парчиња разновиден рачен алат без документација
Вчера на автопат Табановце-Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ во два одвоени настани ги лишија од слобода Б.И (38) од Куманово и Б.С (41) од Скопје.

Полициските службеници прво сопреле патничко возило “Голф” со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.И. и при преглед на возилото пронајдени се 272 парчиња разновидна брендирана стока, без документација. Стоката е одземена, а лицето е лишено од слобода.

Во вториот настан, полициските службеници сопреле патничко возило “мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.С. и при преглед на возилото биле пронајдени 174 парчиња разновиден рачен, батериски и електричен алат без документација. Возилото и алатот се одземени, а лицето е лишено од слобода.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
фото: МВР
Црна хроника
Судот му одреди 30-дневен притвор на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа
Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје вечерва му одреди 30-дневен притвор на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, осомничен за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“, соопшти Судот.
Притворот е определен по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поради постоење опасност од бегство и можност осомничениот да влијае врз сведоци и да ја попречи истрагата.
Според информациите од Обвинителството и МВР, Стафа во периодот од октомври до 13 декември 2025 година примил вкупно 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание кај судија во Апелациониот суд Скопје, со цел да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши.
Првично, осомничениот побарал 100.000 евра за да влијае за укинување на мерка притвор определена кон лице кое е недостапно на органите на прогонот и против кое Обвинителството води постапка за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството. На 6 октомври примил 30.000 евра, а на 13 декември побарал и примил уште 20.000 евра, по што бил лишен од слобода. При апсењето, кај него биле пронајдени паричните средства.
Фехми Стафа ја извршуваше функцијата државен правобранител од 2018 до 2022 година, кога беше разрешен. Во последниот период работеше како адвокат и беше меѓу кандидатите на последниот јавен оглас за избор на член на Судскиот совет.

