Црна хроника
Во патничко возило откриени специјални бункери со траги од дрога
Мобилен тим од Одделението за оперативни работи, минатата недела во патничко моторно возило со албански регистарски ознаки, во внатрешниот дел на бандажите пронајде специјално направени бункери со траги од дрога.
На 14.08.2014 година околу 13 часот, при вршење на контрола на патниот правец Крива Паланка – Куманово во близина на селото Страцин, сопрено е патничко моторно возило марка BMW- 320D со албански регистарски ознаки, управувано од албански државјанин.
Поради сомнителното однесување на возачот, царинските инспектори одлучиле да се изврши детален преглед и претрес на возилото и возачот, по што возилото е пренесено на терминалот во ЦИ Тетово. При прегледот е употребено и царинско куче. Притоа, во сите четири погонски бандажи се пронајдени специјално направени бункери во кои е пронајдена непозната прашкаста материја со кафеава боја и карактеристичен мирис со тежина од околу 2 грама. При тестирање со тестер NIK добиен е позитивен резултат на присуство на кафеав хероин.
Целокупниот предмет е предаден на Одделението за истраги при Царинска управа, за понатамошна постапка. Против возачот е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет на дрога. Истиот ден, бидејќи станува збор за странец, како и тоа дека обвинетиот го признал делото, Основниот суд од Тетово донесе пресуда со која обвинетиот е огласен за виновен и е казнет со условна казна затвор во траење од 6 месеци во рок од 2 години. Освен тоа, возилото е конфискувано, а обвинетиот е протеран од државата во времетраење од 2 години./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
Вчера во 23.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Е.Б.(34) од Република Турција пријавила дека нејзината мајка А.П.О.(73) од Република Турција се оддалечила од хотел во Скопје каде престојувала.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Скопјанец натепал скопјанка во Карпош, а потоа агресивно се однесувал и со полицајците
Вчера во 11.20 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле К.Л.(41) од Скопје, затоа што физички ја нападнал О.Л.(39) од Скопје, а потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Оштетил паркирано возило, врата и инвентар во кафеана, такси-возило: кривична против маж од Делчево
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против В. А. (36) од Делчево.
Тој се сомничи за сторено кривично дело насилство.
На 8.5.2024 пријавениот оштетил влезна врата и друг инвентар во угостителски објект, се обидел да оштети стакло од возачка врата на такси-возило, во обложувачница оштетил врата од наплатниот пулт, по што оштетил возило паркирано пред Територијалната противпожарна единица и физички нападнал двајца вработени.