Црна хроника
Во само 10 минути жител на штипско имал сообраќајка, бил претепан, па ограбен

– фото илустрација
Тежок малер за жител од Штипска Шашаварлија. Во рок од 10 минути доживеал сообраќајна несреќа, го претепале и го ограбиле. Лошото за него почнало на 200 метри од селото кога со моторот удрил во запрежна кола, излетал на патот и целиот се испокршил, пренесува „Старплус“ на ТВ Стар.
Тежок малер за жител од Штипска Шашаварлија. Во рок од 10 минути доживеал сообраќајна несреќа, го претепале и го ограбиле. Лошото за него почнало на 200 метри од селото кога со моторот удрил во запрежна кола, излетал на патот и целиот се испокршил, пренесува „Старплус“ на ТВ Стар.
Помош побарал од двете лица кои биле во запрежната кола, но наместо тоа, тие жестоко го нападнале, удирајќи го со клоци и тупаници, а потоа и го ограбиле.Од патот до дома, нападнатиот стигнал тешко, по што најбилските повикале полиција, а него итно го однеле во болница. Лекарскиот преглед кај него констатирал повреди по целото тело, но за среќа опасност по неговиот живот нема.
Полицијата работи на расчистување на случајот, а особено ќе се истражува дали сообраќајната несреќа била случајна или добро испланирана од страна на напаѓачите кои на овој начин чекале жртва. Како и да е жителот на Шашварлија, синоќешната вечер ќе ја памети долго, а 10-те минути по несреќата, веројатно се најдолгите и најтешки во неговиот живот, додава „Старплус“ на ТВ Стар. /крај/старплус
Извор: ТВ Стар
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 32-годишник од Скопско, превезувал прехранбени производи без документација

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Р.(32) од село Брест, скопско под сомнение за сторено кривично дело согласно член 278 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија.
Имено, при преглед на товарно моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки кое Б.Р. го управувал била констатирана поголема количина на прехранбени производи и филтри за цигари со неутврдена количина и без соодветна документација.
Б.Р. е задржан во Полициска станица известен е јавен обвинител, а возилото е одземено за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Уапсен скопјанец, при претрес пронајдени 71 паковка со марихуана

Вчера во 20:45 часот на улицата „Индира Ганди“ во Скопје од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје извршен претрес на 43-годишниот Џ.Ш. од Скопје при што биле пронајдени 71 полиетиленска паковка со марихуана.
Лицето е лишено од слобода по член 215 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.