Црна хроника
Во сообраќајката во Влае учествувало службено возило на ОБСЕ
Во сообраќајната несреќа што се случи попладнево во скопската населба Влае, во којашто беше прегазен пешак учествувало службено возило на ОБСЕ, потврдуваат неофицијално од МВР.
Случајот понатаму ќе го води јавното обвинителство, односно според процедурата јавниот обвинител излегува на лице место и дава наредба за вештачење на возилото, обдукција на телото на починатиот, разговор со сведоци и со возачот и откако ќе ги собере потребните докази и податоци одлучува дали и какво обвинение ќе покрене против возачот кој ја предизвикал сообраќајката.Попладнево кај мостот Обединети нации патничко моторно возило „Хјундаи“ прегази пешак. Седумдесет и четиригодишниот Новица Т. беше пренесен во Ургентниот центар каде им подлегна на повредите./крај/ффс
Извор: Извор:Илустрација
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена од скопско село измамена за 95.400 денари со лажно ветување за стан и вработување
54-годишна жена од скопско село пријавила дека била измамена за сума од 95.400 денари.
Според пријавеното, во текот на изминатата година таа во неколку наврати му исплатила пари на едно лице, кое ѝ ветувало дека ќе ѝ помогне да купи стан во Скопје и да ја вработи нејзината ќерка како цариник.
Како што било пријавено, по извесно време лицето престанало да одговара на нејзините телефонски повици, по што таа сфатила дека била измамена.
Од СВР Скопје информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Тепачка во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром
Тепачка се случила вчера во авион од Германија што слетал на скопскиот аеродром.
Според информациите од МВР, вчера во 17:00 часот во СВР Скопје, од Граничен премин Меѓународен аеродром Скопје е пријавено дека околу 16:40 часот во авион кој слетал од Германија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г.Ф.(49) од Германија и 45-годишната Г.Ф. од Скопје од една страна и Ш.С.(38) од с.Лопате, кумановско, од друга страна.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
16-годишник со автомобил удрил во пешак во Скопје
Вчера околу 22:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Македонско- косовска бригада“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од Скопје, удрило во пешакот М.И.(57) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. По целосно дококументирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

