Црна хроника
Во три пожара две жртви и еден повреден
– Архивска фоторгафија
Во три пожара кои се пријавени во пшетокот во противпожарните служби, два во скопско и еден ов кичевски, регистриани се две жртви и едено ппоелсно повредено лице, известуваат во саботата од Минситерството за внатрешни работи.
Во три пожара кои се пријавени во пшетокот во противпожарните служби, два во скопско и еден ов кичевски, регистриани се две жртви и едено ппоелсно повредено лице, известуваат во саботата од Минситерството за внатрешни работи.
Првиот трагичен настан е регистрина во петокот околу 11 часот во киечвското селот Орланци-Кичево, пронајден бил починат М.Т.(1942) од Кичево, кој бил со видливи изгореници на главата, вратот, горните екстремитети и на десната нога. Тој во средата, 13-ти јули, заминал во Орланци. Како што засега е утврдено, на местото каде е пронајден починатиотво средата околу 10,00 часот настанал пожар на трева и нискостеблеста шума, по што околу 12 часот интервенирала и екипа на противпожарната единица од Кичево. Во петокот починатиот бил пронајден од страна на членови на семејството. Телото е предадено на семејството за погреб.
Ноќта кон саботата, пак, колу 3 часот од полициајта е известена дека додека припаднциите на Бригадата за противпожарна заштита се обидувале да изгаснат опожарена куќа во скопското село Бразда добиле информација дека постои можност внатре да има лице настрадано од пожарот. Околу 4 часот пожарот бил изгаснат. Опожарена е целосно кровната конструкција и вториот спрат од куќата. При извршената проверка на куќата пронајдено е безживотно тело за кое се претпоставува дека е лице на возраст од 46 години од Скопје, кој долги години живеел сам во куќата. Се врши увид на местото на настанот.
Во петокот, во 11,37 часот било пријавено во населеното место Стопански двор кај скопско Волково во непосредна близина на обиколницата имало опожарена сува трева, при што некој од жителите се обидел да го локализира пожарот и се здобил со изгореници по нозете. Од страна на полицискиски службеници било констатирано дека настанал пожар и била зафатена сува трева околу илјада квадратни метри, при што Л.А.(1936), се обидел да го изгаси пожарот, но притоа се здобил со изгореници по нозете, односно стапалата. Повредениот е пренесен во Градската оптша болница „Наум Охридски“, каде што му се констатирани телесни повреди во вид на изгореници и по укажаната медицинска помош бил пуштен на домашно лекување. Пожарот бил целосно локализиран од страна на екипа од скопската поривпожарна служба./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетничка најдена онесвестена во Карпош, пренесена е на Клинички
Шеснаесетгодишна малолетничка била пронајдена во безсознание вчера околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош, информираат од СВР Скопје.
Според пријавата, девојчето итно било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. При интервенцијата, кај неа биле пронајдени мало шише со бела прашкаста материја и бела грутчеста материја.
Со малолетничката бил и П.С. (18) од Скопје.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Залутан куршум заврши во куќа во Долно Лисиче
Вчера во СВР Скопје, Д.А. од село Долно Лисиче, скопско, пријавил дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал истрел, а потоа пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило стаклото од балконот.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.
Црна хроника
Измама со крипто валути, кумановец останал без 43.750 евра
Вчера во СВР Велес, 48-годишен кумановец пријавил дека бил измамен за сума од 43.750 евра.
Според пријавеното, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на крипто валута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во крипто менувачница во Велес да ги уплати парите, а за возврат да му се исплатат крипто средства.
Пријавителот ги предал парите на лице вработено во менувачницата во Велес и му било кажано дека истите се испратени на наведената адреса, но тој на својата адреса не ги примил крипто средствата, а лицето со кое контактирал го избришало разговорот од социјалната мрежа и ги блокирал неговиот број и бројот на менувачницата, по што сфатил дека бил измамен.
Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
фото/Depositphotos

