Црна хроника
Во три сообраќајќи, осум повредени од кои двајца критично
– (архивска фотографија)
Во три сообраќајни несреќи кои се случиле во саботата на територијата на земја, осум лица се потешко повредени од кои две се во животна опасност, информираат во неделата од Министерство за внатрешни работи.
Во три сообраќајни несреќи кои се случиле во саботата на територијата на земја, осум лица се потешко повредени од кои две се во животна опасност, информираат во неделата од Министерство за внатрешни работи.
Во саботата околу 13,15 часот во Скопје, на локалниот пат од населбата Хиподром кон населбата Илинден, кај ресторанот „Хиподром“, се случила сообраќајна незгода меѓу автомобил „киа пиканто“ со скопски регистарски ознаки управувано од 37-годишниот Б.Н., кој притоа се здобил со телесни повреди и неговиот шестгодишен сопатник која се здобила со тешки телесни повреди, односно тешка фрактура на ногата, и возило „хундаи гетц“, исто така, со скопски регистарски ознаки, управувано од 31-годишната М.З.К. која се здобила со телесни повреди, додека, пак. совозачот 31-годишниот Г.З. се здобил со тешки телесни повреди и е во животна опасност.
Речиси истовремено, околу 13.30 часот во саботата, на крстосница од магистралниот пат А3 Битола-Прилеп и локалниот пат за селото Карамани, се случила сообраќајна незгода меѓу трактор „ИМТ 539“ без регистарски ознаки управувано од 47-годишниот З.Ѓ(47) од Битола и автомобил „опел вектра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот М.Ј.(41) од Демир Хисар. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од автомобилот 73-годишната А.В(73) од деморхисарското село Сопотница којашто е задржана на натамошно лекување во Клиничката болница во Битола, додека со телесна повреда се здобил возачот М.Ј. и е пуштен на домашно лекување.
Во саботата регистрирана е уште една сообраќајна несреќа со повеќе повредени. Малку по 19,15 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп во близина на раскрсница за селото Камен Дол, се случила сообраќајна незгода автомобил БМВ“ со битолски регистарски ознаки управувано од 22-годишната И.В.(22) од Битола и трактор со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од 61-годишниот Љ.Ѓ. од Камен Дол. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот кој поради сериозноста на повредите е пренесен од Општата болница во Кавадарци во Клиничкиот центар во Скопје и се наоѓа во животна опасност, додека со телесни повреди се здобил возачката на патничкиот автомобил кој по укажаната лекарска помош во Кавадарци е пуштена на домашно лекување./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп–Македонски Брод
Ноќеска во 02:00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на патот Прилеп–Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила.
Според информациите, несреќата се случила меѓу „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште, и „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од истото село.
По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди“ бил пренесен во Градска општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ОВР Македонски Брод.
Се работи на целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Пријавени тепачки во Шуто Оризари
Во СВР Скопје било пријавено дека на 24.02.2026 година на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна расправија помеѓу двајца малолетници, повеќе лица физички нападнале еден од малолетниците.
Според пријавата, во инцидентот учествувале М.Х. (22), И.Х. (23) и Р.Х. (46).
Подоцна било пријавено и нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.З. (54) и Р.З. (36) од една страна, и М.Х. и И.Х. од друга страна, сите од Скопје.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Жена пријавила физички напад од вонбрачен партнер во Драчево
Дваесет и двегодишна жена пријавила во СВР Скопје дека била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер.
Според пријавата, на 27.02.2026 година околу 12:00 часот, во дом на подрачјето на Драчево, таа била нападната од С.С. (22) од Скопје. Случајот бил пријавен во полиција во 16:30 часот истиот ден.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

