Црна хроника
Во верижен судир на пет возила еден тешко повреден
Во сообраќајната несреќа која во понеделникот се сличи на автопатот Велес -Скопје, во која учествуваа пет патнички возила, едно лице е тешко повредено, додека другите патници по укажаната лекараска помош се пуштени на домашно лекување, соопшти во вторникот Министерството за внатрешни работи.
Како што беше инфромирано во понеделникот, околи 9,30 часот на автопатот Велес-Скопје, на околу 400 метри пред наплатната рампа „Отовица“, се случи сообраќајна незгода во којашто учествивале автомобил „мазда“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Р. (63) од Прилеп, џип „опел фронтера“ со велешки регистарски ознаки управувано од М.Н. (52) од Кавадарци, автомобил „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.Т. (22) од Кавадарци, „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Н. (37) од Прилеп и „волво“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Т.Р. (53) од Кавадарци.
По незгодата, со возила на Итна медицинска помош, во Општа болница Велес биле пренесени седум учесници во сообраќајната незгода од кои тешки телесни повреди се констатирани кај возачот Р.Р. од Прилеп, додека кај другите биле констатирани телесни повреди и по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

