Црна хроника
Возачот на автобусот со тешки повреди, девет лица полесно повредени во сообраќајката со автобусот
Во сообраќајната несреќа кога автобус излета од патот во близина на Демир Хисар, возачот на автобусот е тешко повреден, а девет патници во автобусот се полесно повредени.
„Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на лице место за случената сообраќајна несреќа во близина на Демир Хисар, кога автобус со скопски регистарски таблички излетал од патот.Надлежниот обвинител ги презема сите потребни дејствија за расветлување на настанот. Прибрани се материјални докази и траги од местото, извршено е скицирање и фотографирање, издадени се натамошни Наредби за вршење на потребни вештачења со цел утврдување на причините за случената сообраќајна несреќа“ соопштуваат од Јсвното обвинителство.Автобусот со скопски регистатрски таблици во понеделникот попладне излета од патот додека додека сообраќал на релација Килево-Битола, кај селото Лопатица./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пожар зафати товарно возило во двор на фирма во Крушопек
Во првите часови по полноќ, на 8 ноември, во СВР Скопје било пријавено дека во двор на фирма во селото Крушопек избувнал пожар во товарно возило ман со скопски регистарски таблички, сопственост на фирмата.
Пожарот бил навреме изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Нема повредени лица, а увид на местото на настанот ќе биде извршен во текот на денешниот ден.
Црна хроника
Жена падна во автобус и тешко се повреди
Педесет и седумгодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако вчера паднала во автобус кој сообраќал по булеварот Кузман Јосифовски Питу во Скопје. Според пријавеното во СВР Скопје, жената била патник во автобус управуван од 59-годишен возач од Волково.
По падот, таа била пренесена во Градската општа болница Св. Наум Охридски, каде што и биле констатирани тешките повреди. На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Топ
Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга
Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од нив физички ја нападнал и ја силувал откако таа паднала во бесознание.
Кривичната пријава е поднесена против А.Л. (26) од дебарското село Џепиште кој се сомничи за грабнување и полов напад и силување и против 18-годишениот Е.В. од дебарското село Отишани кој се сомничи за грабнување.
Полицијата информира дека жената била грабната од нејзиниот двор со возило ауди кое го управувал Е.В. и однесена во напуштен објект во Струга.
Откако А.Л. ја силувал, го повикал Е.В. и со возилото ја однеле во Општата болница во Струга.
Двајцата сторители се пронајдени и против нив ќе следува кривична пријава.

