Црна хроника
Вработен во Македонска пошта крадел од туѓа сметка
Гостиварец, вработен во подружницата на Македонска пошта во Гостивар крадел пари од туѓа сметка, при што присвоил вкупно 238.749 денари.
Полицијата поднесе кривична пријава против Б.М. (34) од Гостивар, шалтерски работник во Македонска пошта – Подружница ЦРПС Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „злоупотреба на лични податоци“.
Пријавениот во периодот од 30.07.2016 година до 02.09.2016 година, искористувајќи ја службената положба, во пет наврати и злоупотребувајќи ги личните податоци на физичко лице од Гостивар, при исплата на парични средства во три наврати, противправно ги присвојувал паричните средства од касата на работно место, без за истото да го извести надлежниот субјект во подружницата. На овој начин пријавениот присвоил вкупно 238.749 денари. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

