Црна хроника
Вработен во „Нур Транс“ избоден со нож

Вработен во фирмата „НУР Транс“ во селото Стримница бил нападнат од две лица при што се здобил со убодна рана.
Вработен во фирмата „НУР Транс“ во селото Стримница бил нападнат од две лица при што се здобил со убодна рана.
Во саботата по 19,15 часот во Полициската станица Групчин, лице пријавило дека во блиското село Стримница, во кругот на фирмата „НУР Транс“ која била во негова сопственост, дошле со автомобил БМВ дошле две лица коишто започнале расправија со вработениот во фирмата 36-годишниот Ј.С.(36), по што еден од нив со нож го повредил во грбот.
Повредениот е пренесен во Клиничката волница во Тетово, каде му е укажана лекарска помош и е пуштен на домашно лекување. Подоцна околу 21 часот полицијата го привела двајцата напаѓачи, идентификувани како Г.А. (22) и М.А. (42), при што е утврдено дека Г.А бил одговорен за нападот со нож. Тетовската полиција соопшти дека работи на расчистување на случајот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Сообраќајна расправија причина за бодењата со нож во Чаир, повредени тројца меѓу кои и малолетник

Скопското обвинителство победе постапка против 18-годишно момче за инцидентот што се случи синоќа во Чаир.
Од тука информираа дека постапка ќе се води и против едно дете, согласно Законот за правда за децата, а се работи за момче на 14-годишна возраст.
Оружениот инцидент што завршил со боксови и нож, почнал со вербална сообраќајна расправија, меѓу 18-годишникот и неговиот татко од една страна и 14-годишникот од другата страна.
Од прибраните докази постои сомневање дека расправијата прераснала во физичка пресметка, во која таткото и синот со употреба на физичка сила, клоци и тупаници го нападнале малолетното дете. Во тој момент детето извадило нож со кој им нанело повеќе убодни рани по телото на осомничениот и неговиот татко. Осомничениот успеал да му го земе ножот на детето и го прободел во градниот кош.
Тројцата се повредени, при што малолетникот и таткото се хоспитализирани со тешки телесни повреди. Полесни се повредите кај сега осомничениот 18-годишник, за кого јавниот обвинител веќе побара да се определат мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице во Основниот кривичен суд Скопје, привремено одземање на патна исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти со малолетното дете кое го повредил.
Црна хроника
Кривична против полицаец: дозволил привремен престој на седум странски државјани иако биле ризик за државата

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, поднесе кривична пријава против Р.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в од Кривичниот законик.
Пријавениот, полициски службеник во Регионалниот центар за гранични работи Исток, во два наврати во декември 2024 година и во пет наврати во април 2025 година, постапил спротивно на законските прописи и на седум странски државјани апликанти издал решенија со кои им се одобрува правото на привремен престој на територија на државата, и покрај тоа што по извршени безбедносни проверки било утврдено дека претставуваат закана за јавниот поредок, националната безбедност, јавното здравје или меѓународните односи на Република Северна Македонија.
Црна хроника
Уапсена жена од Скопје: агресивно се однесувала кон полицајци што вршеле службени дејствија

Вчера во 11.30 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од СВР Скопје ја привеле 56-годишната Е.Д. од Скопје затоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.