Црна хроника
Загина директорот на Домот на култура во Куманово

Директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев” Куманово, Роберт Павлевски загина во сообраќајна несреќа ноќта спроти сабота.
Павлевски загинал во сообраќајна несреќа која се случила околу еден часот по полноќ на бул. Трета МУБ, јави порталот Кумановски муабети.
Во сообраќајката биле повредени уште четири женски лица, од кои две биле префрлени на скопските клиники, а две се задржани во Општа Болница Куманово
Роберт Павлевски е професор по музичко образование и беше директор на кумановскиот Дом на култура повеќе години.
По повод смртта на Павлевски, во НУЦК ”Трајко Прокопиев” ќе се одржи комеморација во 12 часот, а погребот е закажан за 15 часот во градските гробишта во Куманово. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.