Црна хроника
Загина тинејџер во сообраќајка кај Католичка црква
Тинејџер на возраст од околу 16 години вечерва загина во сообраќајна несреќа што се случи на булеварот „Теодосие Гологанов“ кај Католичката црква во Скопје,јави Телеграф.
Момчето во критична состојба веднаш било пренесено на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), но им подлегнало на повредите.
Според информациите на порталот, момчето било повредено откако во него со голема брзина удрил џип „туарег“ со скопски регистерски таблици.
Неофицијално, момчето било на премин за пешаци, а поради силниот удар било отфрлено 15 метри на коловозот.
Ова е трета по ред сообраќајка во текот на денов со трагични последици.
Во друга сообраќајка што се случи попладнево на магистралниот пат Охрид-Кичево кај селото Песочани животот го загуби едно лице, а друго е повредено и пренесено во охридските болници. Сообраќајката се случила меѓу две возила со охридски регистерски ознаки.
Попладнево пак кај Градска болница во Скопје возило прегази пешак, кој беше пренесен во ГОБ „8-ми Септември“.
Извор: Телеграф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Малолетничка најдена онесвестена во Карпош, пренесена е на Клинички
Шеснаесетгодишна малолетничка била пронајдена во безсознание вчера околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош, информираат од СВР Скопје.
Според пријавата, девојчето итно било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. При интервенцијата, кај неа биле пронајдени мало шише со бела прашкаста материја и бела грутчеста материја.
Со малолетничката бил и П.С. (18) од Скопје.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Залутан куршум заврши во куќа во Долно Лисиче
Вчера во СВР Скопје, Д.А. од село Долно Лисиче, скопско, пријавил дека, додека седел во дворот од куќата, слушнал истрел, а потоа пронашол заталкано зрно од огнено оружје, кое му го оштетило стаклото од балконот.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а зрното било подигнато за понатамошна постапка.
Црна хроника
Измама со крипто валути, кумановец останал без 43.750 евра
Вчера во СВР Велес, 48-годишен кумановец пријавил дека бил измамен за сума од 43.750 евра.
Според пријавеното, тој на социјална мрежа објавил оглас за откупување на крипто валута, а подоцна преку друга социјална мрежа контактирал со лице со кое се договориле во крипто менувачница во Велес да ги уплати парите, а за возврат да му се исплатат крипто средства.
Пријавителот ги предал парите на лице вработено во менувачницата во Велес и му било кажано дека истите се испратени на наведената адреса, но тој на својата адреса не ги примил крипто средствата, а лицето со кое контактирал го избришало разговорот од социјалната мрежа и ги блокирал неговиот број и бројот на менувачницата, по што сфатил дека бил измамен.
Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
фото/Depositphotos

