Црна хроника
Запленети девизи, облека, техничка стока, цигари и откриени мигранти
Минатата недела царинските службеници спречија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, цигари, тутун и кафе, маслиново масло, препарати за слабеење, облека, рачни часовници, мобилни телефони и видео-камери и др. Покрај тоа откриен е и обид за царинска измама, но и обид за нелегален влез во државата на 12 сириски државјани.
При личен претрес на двајца македонски државјани кои со швајцарски автомобил се пријавиле за излез од државата на граничниот премин Ќафасан биле откриени 5.400 швајцарски франци и 2.500 евра.
При извршената контрола, во паричникот на возачот се пронајдени 2.800 евра и 3.800 швајцарски франци, а во паричник сместен во заден џеб од панталоните на сопатникот се пронајдени 5.200 швајцарски франци и 300 евра, за кои споствениците не поседувале доказ за потекло. На двајцата патници им биле вратени девизни средства во противвредност на 2.000 евра, износ што може слободно да се изнесе од државата.
При контрола на македонски автобус што сообраќал на релација Тирана-Скопје, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ќафасан биле откриени 5 сигурносни камери “COLOR CCD CAMERA”, еден дигитален снимач DVR H264, 300 метри кабел и 64 приклучоци за кабли. Непријавените производи се пронајдени во патната торба на албански државјанин, патник во автобусот.
Во два одвоени случаи на скопскиот аеродром Александар Велики биле откриени 194 парчиња женска облека и чанти. Во првиот случај, при контрола на патните торби на македонски државјанин, кој пристигнал со лет од Виена пронајдени се 100 парчиња женска облека (фустани, здолништа и наметки), додека во вториот случај, при контрола на патните торби на косовски државјанин, кој допатувал со лет од Истанбул, се пронајдени 94 парчиња облека (тренерки, панталони, здолништа, фустани и маици) и чанти.
Царинските службеници од железничката станица Гевгелија пак, спречиле обид за нелегален влез во државата на илегални патници. При контрола на товарен воз со 25 празни вагони, пријавен за влез во државата, во еден од вагоните се откриени 12 илегални патници, сириски државјани. Мигрантите се предадени на полициските службеници од граничниот премин за понатамошна постапка./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со џип му го пресекол патот и му се заканувал со пиштол: драма во Скопско
На 29.01.2026 околу 15:00 часот во СВР Скопје, Н.М.(43) од с. Долно Свиларе, скопско, пријавил дека околу 11:15 часот во с.Долно Свиларе, додека се движел со патничко возило, му бил пресечен патот од возило „џип“, управувано од Р.Н..
Тој излегол од возилото и му се заканувал со пиштол на пријавителот.
Полицијата информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Со остар предмет им се заканувал на снаата и синот па искршил дел од покуќнината
Утрово во 03:50 часот полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Б.Ш.(65) од Скопје.
ПОлицијата постапила по претходна пријава од неговата 58-годишна снаа дека на 29.01.2026 околу 22:00 часот во семејниот дом во Скопје, тој по претходна вербална расправија, со остар предмет упатил закани кон неа и нејзиниот 30-годишен син, а потоа искршил дел од покуќнината.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, информираат надлежните.
Црна хроника
Изнајмил возило на три дена, платил само за првиот и не му го вратил автомобилот: кривична за стружанец
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ф.К.(38) од струшкото село Делогожда.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „затајување“.
Делото го сторил на 28.12.2025 година кога од Е.Џ. од Струга, изнајмил патничко моторно возило за времетраење од три дена, му извршил уплата само за првиот ден и возилото не му го вратил.
Со тоа, пријавениот го оштетил Е.Џ. за сума од 240.000 денари.

