Црна хроника
Запленети околу 40 илјади евра и наркотични средства
Во текот на минатата недела, царинските службеници спречија повеќе обиди за нелегално пренесување на девизи , цигари и друга стока.
На граничниот премин Табановце, при личен претрес на грчки државјанин, кој управувајќи патничко возило со грчки регистарски таблички, пријавено за излез од државата, биле откриени 30 илјади евра.
На прашање на царинските службеници, возачот одговорил дека нема што да пријави за царинска контрола, но при извршениот личен претрес, во џебовите од неговите панталони пронајдени се 40 илјади евра, за што не поседувал потврда за внесени ефективни странски пари издадена од царински орган на Република Македонија. Согласно законските прописи, на патникот му се вратени 10.000 евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата.
При личен претрес на грчки државјанин, кој управувајќи патничко моторно возило со бугарски регистарски таблички се пријавил за влез во државата на граничниот премин Богородица, биле откриени 9.300 евра. Во внатрешните џебови на јакната и во предните џебови на панталоните на возачот пронајдени се непријавени 19.300 евра. Согласно законските прописи, на патникот му се вратени 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе во државата.
Покрај ова, минатата недела беа откриени и три обиди за шверц на наркотични средства.
Во првиот случај на 19 јануари 2015 година, на граничниот премин Ќафасан, за влез во државата се пријави патнички автомобил со полски регистарски таблички, со четворица полски државјани кои биле селектирани за преглед.
Во текот на прегледот на возилото, двајца од патниците побарале да одат во тоалет, но наместо во тоалетот се упатиле кон контејнерите за ѓубре, каде биле забележани од полициските и царинските службеници дека извадиле нешто од облеката и го оставиле до контејнерите.
При проверка на просторот околу контејнерите пронајдени се две кеси обвиткани со кафеава леплива лента, исполнети со растителна зеленкаста материја. Во истиот момент еден од патниците избегал во блиската шума, додека другиот патник бил задржан. По направено вештачење на растителната материја утврдено е дека се работи за марихуана со вкупна маса од 914 грама.
Во вториот случај, на граничниот премин Блаце, спречен е обид за криумчарење на околу 5 грама кокаин. На 19 јануари 2015 година, за влез во државата се пријавило патничко моторно возило со црногорски регистарски таблици, управувано од црногорски државјанин.
Поради сомнително однесување на возачот, царинските службеници извршиле личен претрес и контрола на возилото, при што во џеб од јакната на возачот, сместена на совозачкото седиште, пронајдено е најлонско пакетче, обвиткано со алуминиумска фолија, со бела прашкаста материја, за која по извршеното тестирање утврдено е дека се работи за кокаин.
Во третиот случај, мобилните царински тимови спречија обид за криумчарење на 173 семки од марихуана. На 21 јануари 2015 година, на граничниот премин Богородица, за излез од државата се пријави автобус со турски регистарски таблички, што сообраќал на релација Скопје – Истанбул. При контрола на багажот на патниците, во ранец сопственост на американски државјанин, патник во автобусот, во внатрешноста на два чорапи, пронајдени се 2 зипер кесички, со вкупно 173 семки од марихуана./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Петнаесет возачи се лишени од слобода во еден ден поради возење без возачка дозвола
Петнаесет возачи се лишени од слобода вчера поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило и под дејство на алкохол, а од нив двајца малолетници.
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода четири лица во Гостивар, двајца во Тетово и по еден во Велес, Кичево и Битола затоа што управувале возило без возачка дозвола.
– Малолетник од Битола претходно со возило удрил во пешак и му било одземено возилото, а исто така, во Гостивар е одземен мопед од малолетник кој со него удрил во полициски службеник кој вршел службенои дејствија. Одземени се патничките возила и на другите возачи кои возеле без возачка дозвола, соопшти МВР.
По еден возач во Гостивар и Кавадарци управувале возила иако имале мерка забрана за управување моторно возило од Б категорија. Од нив, исто така, се одземени патничките возила. По еден возач во Македонска Каменица, гевгелиско, Струмица и Македонски Брод управувале возило под дејство на алкохол. Возачите во гевгелиско и Македонски Брод претходно предизвикале сообраќајни незгоди со материјални штети.
Лицата се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите МВР најавува дека ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, велат од МВР.
Црна хроника
Малолетник возел без дозвола и удрил во 42-годишник
17-годишен малолетник вчера удрил во 42-годишен пешак, Е.К., додека управувал автомобил „деву тико“ со битолски таблички на улицата Козјак во Битола,
Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде што му била укажана медицинска помош.
СВР Битола извршила увид на местото на несреќата. По проверките било утврдено дека малолетникот управувал возило и покрај тоа што сѐ уште немал возачка дозвола.
Според насоките од јавниот обвинител, 17-годишникот бил приведен, а возилото одземено.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.

