Црна хроника
Запленети околу сто метри рибарски мрежи со охридска белвица
Повеќе рибарски мрежи во должина од околу сто метри со дваесет и осум парчиња риба охридска белвица се пронајдени и одземени од водите на Охридското езеро при патрола на полициската станица за граничен надзор.
Повеќе рибарски мрежи во должина од околу сто метри со дваесет и осум парчиња риба охридска белвица се пронајдени и одземени од водите на Охридското езеро при патрола на полициската станица за граничен надзор.
На 19-ти овој месец околу 6 часот наутро, во близина на крајезерската населба Калишта на струшкото крајбрежје, на оддалеченост од околу 300 метри од брегот на езерото пронајдени се четири рибарски мрежи со должина од по 50 метри со димензии на окца 45 x 45 милиметри кои не биле соодветно обележани и немале соодветен жиг од Државен инспекторат за земјоделство.
Бидејќи овластениот концесионер во тој дел од Охридското езеро не ги поставил рибарските мрежи, констатиран е прекршок од Законот за рибарство и аквакултура од страна на непознати лица по што мрежите во консултација со јавниот обвинител се подигнати за понатамошна постапка.
По неколку часа, езерската полициска патрола на 800 метри од брегот на езерото кај Калишта во правец на хотелот Бисер пронајде дванаесет рибарски мрежи со должина од по 50 метри и димензии на окца 22×22 милиметри како и улов од дваесет и осум парчиња риба Охридска белвица.
Мрежите, по консултација со јавниот обвинител и надлежниот инспектор од државниот инспекторат за земјоделство, како строго забранети за риболов се подигнати заедно со уловот на риба./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.