Црна хроника
Мајка, сопруга, ќерка, жртви на насилството на тројца скопјани
Полицијата поднесе кривични пријави против тројца скопјани кои ги претепале своите мајки, сопруги или ќерки.
Првиот случај се случил минатата недела кога дваесет и едногодишен скопјанец и испратил смс порака на мајка си итно да му обезбеди 100 евра, а потоа уште 400 евра за негови лични потреби.
Кога мајката излегла и му кажала дека нема толку пари да му даде , тој почнал да и се заканува дека ќе ја нападне нејзе и целото нејзино семејство. Во тој момент, дошол и неговиот очув кој се обидел да ја заштити сопругата но момчето го нападнало и него со метален боксирач.
Четириесет и тригодишен скопјанец пак се опијанил и ја нападнал својата сопруга. Ја навредувал со погрдни зборови и ја удирал по лицето и главата, а кога неговата ќерка се вмешала да ги смири, тој ја нападнал и неа при што и на двете им нанел видливи телесни повреди. Мајката и ќерката завршиле на лекар.
Во третиот случај, триесет и едногодишен скопјанец во четвртокот во семејниот стан во кој живееле заедно со неговата мајка, се опијанил и провалил во спалната соба во која спиела мајка му,
Влегол и од неа побарал да му го даде нејзиниот мобилен телефон. Мајката одбила, по што синот почнал да ја удира со тупаници и клоци по целото тело.
Од здобиените удари, мајката паднала на подот, меѓутоа пријавениот не престанувал со тепањето.
Сепак некако успеала да му побегне и случајот го пријавила во полиција. Инаку сите тројца се евидентирани во полициската крим евиденција како сторители на разни видови кривични дела. /крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возило од Албанија излетало од патот во Струшко: повредени се повеќе лица
Утрово во 08.10 часот, на магистралниот пат Ќафасан – Подмолје, кај клучката за струшкото село Радожда, патничко возило „мерцедес“ со албански национални ознаки, управувано од Ѓ.А.(55) од Елбасан, Република Албанија, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил совозачот Б.Х.(31), а со телесни повреди се здобиле возачот Ѓ.А. и сопатниците М.Џ.(51), Ц.П.(34)и Д.Х.(24), сите од Република Албанија, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Надлежните информираат дека увид извршиле полициски екипи.
Црна хроника
Во оптек пуштил лажни евра: уапсен маж од Кичевско
Вчера во 03.00 часот, во казино на булеварот „Туристичка“ во Охрид, од слобода бил лишен Р.Б.(28) од кичевското село Долно Страгомиште.
Тој се сомничи дека во оптек пуштил лажни евра кои сакал да ги прикажи како вистинити, со што сторил кривично дело „фалсификување пари“, според член 268 од Кривичниот законик.
Полицијата соопшти дека против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Жена од Скопско тешко повредена: ја прегазил трактор
Вчера во 18.55 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во с.Р`жаничино, скопско, трактор „ИМТ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.К.(50) од с.Р`жаничино, удрил во пешакот С.Л.(57) од истото село.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Л., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.