Црна хроника
Заштитениот сведок „Бреза“ осуден на шест месеци затвор
Златко Арсовски, поранешниот заштитен сведок „Бреза“, во судскиот процес „платено убиство“ за лажно даден исказ, осуден е на затворска казна во времетраење од шест месеци.
Вака пресуди во средата судијата Шавшет Адеми, јави порталот Лисица.Арсовски во судот во Велес беше донесен од затворот Скопје каде од 12-ти овој месец ја издржуваше мерката притвор, токму по барање на судијата Адеми, бидејќи тој континуирано не се појавуваше на закажаните рочишта.
На главниот претрес, покрај изложување на мареријалните докази беше сослушан и сведок, кој одговараше на прашањата на обвинителката Славица Темелковски и бранителот на Арсовски, адвокатот Оливер Гашев.
На прашања на обинителството и бранителот, одговараше и обвинетиот Арсовски, кој смета дека не е виновен за делото за кое му се суди.
Додека, пак, за обвинителството предметот е јасен, изнесените докази ја потврдувале кривичната одговорност на Арсовски, бидејќи посочената рамка од автоматска пушка полицијата ја пронашла токму на локацијата која тој ја посочувал во исказите дадени додека бил заштитен сведок.
„Пресудата ќе ја обжалиме, делото за кое му се судеше не се докажа“, изјави по објавувањето ан пресудата бранителот кој на обвинетиот му беше доделен по службена должност./крај/мф/ди
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дал 10.000 евра за итна операција на внуката: измамен 83-годишен битолчанец
Во СВР Битола вчера во 13:30 часот, 83-годишник од Битола пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.
Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Двајца малолетници повредени при судир на товарно возило и мопед во Штип
Во СВР Штип вчера во 10:30 часот било пријавено дека на кружен тек од ул.„Партизанска“ со ул.„Борис Крајгер“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген кеди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(57) и мопед „априлиа“ со штипски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, двајцата од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот 14-годишен сопатник од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Тешко повреден работник додека извршувал работни задачи во фабрика во Гази Баба
Вчера во 10:05 часот во СВР Скопје, од приватна болница во Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен А.Б.(43) од Скопје.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во фабрика на подрачјето на Гази Баба.

